Упорност!!! Голем дел од тајната на успехот

Сакате да станете успешни? Престанете да ги третирате викендите како мини одмори. Викендите се шанса за раст и напредок.

Related imageПрестанав да ги третирам викендите како време за одмор.

Сите ние во ова општество сме програмирани да мислиме дека вистинските промени во нашата кариера можат да се случат само во работните денови.

Тоа воопшто не е така!!!

Најдобриот пример на кој можам да се сетам е мојот проблем со станување рано. Без оглед на тоа кога сум легнал во кревет, секогаш имав проблем со будењето наутро. Неколку денови станував во 5:30 без поголем проблем, но во другите денови, го одложував алармот дури по пет или шест пати.
Еден викенд случајно сум го оставил алармот и се разбудив во истото време кога станувам за на работа. Се поврткав во кревет и одлучив да станам. Го направив тоа и во недела.
Кога дојде понеделник и требаше да одам на работа, забележав нешто чудно. Се разбудив во 5:28, 2 минути пред алармот .
Истото и во вторникот. Во кревет околу 10:00,  буден без аларм во 05:28.
По 2 дена излегов и се вратив дома касно, набрзо легнав и си помислив колку ќе ми биде тешко да станам сабајлето, но повторно исто, се разбудив пред алармот.
Илјадници луѓе се приклучуваат на програмата наречена NaNoWriMo предизвик да напишат целосен роман во 30 дена. Со цел да се оствари тоа, ќе мора да пишуваат секој ден. Ако ги скокнете викендите, невозможно е да се вратите назад на вистинскиот пат.
Оние кои ја поминале оваа програма успешно во иднина ке им биде потешко доколку не би пишувале нешто.
Исто е и со фитнес, нели? Ако јадете здраво 5 дена и потоа имате “cheat meal” за време на викендот, намалувате голем дел од напредокот.

Упорноста е моќ.

Не знам дали е тоа биологија. Не знам дали е тоа навика. Не знам ни дали тоа е универзумот кој пробува да не тестира преку некои чудни случувања.
Но го знам ова:
За време на викендите, како и секој друг ден, имате шанса за раст, шанса да се движите напред, да бидете среќни, и шанса да го промените својот живот.