Ужасни приказни за шефови на кои не сакате да наидете

Можеби шефовите кои ги познавате се добри (иако не совршени, секако) но постојат такви кои умеат да ја уништат секоја мотивација на своите вработени. Ова се најужасните приказни за шефовите на кои се надеваме дека нема да наидете.
„Откако направив веридба, го посетив мојот претпоставен за да закажам слободни денови за свадбата и медениот месец кои беа за дури една година. Тој ми рече дека не знае дали тоа е добро време за мене да земам одмор и треба да се почека за да се види.“
„Мојот син се роди предвреме, викендот пред голем состанок за кој му помагав на мојот шеф да се подготви. Понеделникот дојдов на работа за да му кажам на шефот за син ми, кој во тоа време беше во инкубатор. Тој ми кажа да не дозволам мојот личен живот да ми пречи во работата бидејќи така ќе бидам повреден професионално.“
„Неодамна напишав молба за да се купи нов компјутер. Таа мораше да биде одобрена од мојот претпоставен. Незадоволен од мојот стил на пишување, тој ја напиша одново молбата за да ми покаже како се пишува и потоа ја одби.“
„Шефот одби да ми ја зголеми платата и рече дека веќе заработувам повеќе отколку тој на моја возраст. Излезе дека тој ја поминал младоста патувајќи и свирејќи во бенд, едвај заработувајќи за храна. Кога му го кажав тоа и реков дека наместо да патувам, јас ја поминав младоста учејќи за диплома и работејќи, тој ме праша: ,Која ти е поентата?
„Мојот лекар ме советуваше да ослабам и да вежбам повеќе. Откако му го споменав ова на мојот претпоставен, тој ми испрати слика од модел со моето лице за мотивација. Месец подоцна, кога ја споменав сликата, тој ми испрати слика од свиња со моето лице на неа.“
„Во понеделник, мојот шеф ми даде итна задача во 4 часот попладне. Тој имаше битен состанок порано следниот ден и му беше потребна нова верзија од документот од 400 страници. Работев цела ноќ. Кога дојдов на работа следното утро прашав за состанокот и ми кажаа дека тој го откажал и земал одмор.“
„Мојот шеф побара од мене и колегите да поминеме две недели подготвувајќи детален план за буџетот на компанијата. Кога прашав кога ќе ги видиме подобрувањата, тој рече да не очекувам нешто ново бидејќи тоа било само вежба.“
„Нашиот шеф заврши еден состанок со оставање простор за прашања. Тишина. Тој коментираше дека постојано ги одржува состаноците и никој не поставува прашања. Еден храбар колега постави прашање. Шефот го навреди дека не слушал додека тој зборувал и затоа не го знаел одговорот на тоа прашање.“
„Нашата компанија имаше финансиски потешкотии, па мојот шеф ме замоли да работам за половина од мојата плата. Јас му реков дека досега бев платен за 40 часови неделно, а работев 80, па веројатно сега би можел да работам 40 часови неделно и да бидам платен за 20 од нив. Тој рече: ,Не мислев тоа. Сакам да работиш 80 часови неделно, но ќе ти платам само за 20.‘“
„Мојата баба неочекувано почина и земав два слободни дена за нејзиниот погреб. Кога се вратив, мајка ми ми се јави да ми каже дека дедо ми починал од жал. Вознемирена му пристапив на шефот и му ја објаснив ситуацијата. Таа рече: ,Немаш повеќе слободни денови. Си требала да испланираш подобро.‘