Вашата мисла – најдобро оружје или најголем непријател ?

Без разлика дали се соочувате со сериозни здравствени проблеми или финансиска криза, тешките времиња се неизбежни кај секој човек во текот на животот. Овие тешки времиња се тест на вашата ментална сила.
Без соодветна ментална сила, неизбежните предизвици на животот ќе ве исполнат со сомнеж во самите себе, а исто така и ќе ви влеат страв кој може да биде опасен по самите вас.
Related imageОвој тип на непријатни чувства во вас ќе побудуваат негативни мисли, а самото тоа ќе резултира со негативно однесување, кое ненамерно ќе почнете да го практикувате во секојдневието и со тоа да бидете креатор на сопственото уништување.
За да останете силни треба да успешно да ги менаџирате вашите мисли, чувства и однесување. Обрнувајќи внимание на овие области ќе ви помогне да ги надминете вашите проблеми и да ја добиете најтешката битка која една индивидуа барем еднаш во својот живот ја доживува, а тоа е борбата сами со себе.
Ќе наброиме и објасниме неколку принципи кон кои треба да се придржувате за да се изборите во текот на тие тешки времиња:
  • Прифатете ја реалноста

Прифаќањето на реалната ситуација не значи откажување од борбата, поентата е да ја прифатите реалноста за да може да се соочите со проблемот од реална гледна точка. Многу често забележуваме голем процент на луѓе кои ја користат реченицата “Јас не треба да се справувам со овие работи, немам среќа”, не бидете од овој тип на луѓе затоа што само трошите голем дел од вашата енергија за небитни работи.
Овој тип на размислување сменете го така што од кога ќе ја разгледате вашата реална ситуација, седнете размислете кои се правилата на игра, решете од каде ќе почнете да го решавате проблемот и повторувајте си ја реченицата “Ќе успеам да го решам овој проблем!!!”.
  • Контролирајте ги вашите вознемирувачки мисли

Вашиот памет може да биде вашето најдобро оружје или најголем непријател. Доколку верувате во вашите негативни мисли, ќе си поставите ограничување и нема да го достигнете реалниот потенцијал кој го поседувате.
Размислување како “Не сум доволно добар, ова нема никогаш да го направам” ќе ви претставува пречка во исполнување на вашите цели. Многу важно е да препознаете кога вашиот монолог станува премногу песимистички. Исто така, запомнете дека  лимитацијата која си ја имате поставено не ја претставува реалната слика.
Затоа разговарајте со себе си како со најдобриот другар. Кога вашите размислувања постануваат катастрофални и не се од корист, дадете си пореални одговори со кои ќе си ја потврдите вашата способност да се справите со вашите проблеми.
  • Градење на позитивна ментална сила

Градењето на ментална сила е слично како и вежбањето во теретана за билдање на вашето тело. Затоа е најдобро да ја вежбате менталната сила секојдневно, затоа што периодот кога ќе западнете во криза не е најдобриот момент. Сигурно не можете да го направите вашето тело совршено во еден ден, како и да ја зголемите вашата физичка сила за исто толку време.
Размислувајте за менталната сила на истиот начин. Ќе има период кога ќе ви треба целата ментална сила која ја имате да ја искористите. Затоа е многу битно да направите тренингот за позитивна ментална сила да ви постане секојдневна навика.
Овие три принципи практикувајте ги секојдневно, затоа што тие ќе го претворат вашиот ум во најсилното оружје кое ќе го користите во време на тешки времиња!!!