Вашето хоби може да биде извор на пари

Работата ви е здодевна, тешка и недоволно платена… Менаџирајте го своето слободно време и правете го она што го сакате, бидејќи така животот ќе ви стане побогат во секој поглед.

Умствена дејност

Постојат многу видови на хоби – собирање салфетки, сликање, дизајн, јавање, изработување макети…Ваквата активност ја исполнува и ја лекува душата, а научниците тврдат дека го лекува и телото. Хобито не го стимулира само мозокот, туку и ја подобрува концентрацијата, гo поттикнувa мислењето и креативноста, со што се обновува потребната енергија за извршување на оние помалку пријатни задачи.
Исто така, кога го работите она што го сакате, мозокот ги лачи ензимите на доброто расположение, што позитивно влијаат на севкупната психофизичка состојба на организмот, со што полесно доаѓате до нови идеи.

Можен профит

Фактите зборуваат дека многу луѓе заработуваат од своето хоби (одгледување расни кучиња или дизајнирање на разни предмети). Не дозволувајте да ве зароби секојдневието и ѕирнете во себе во потрага по уметнички талент. Бидете креативни, вооружете се со идеи…и профитирајте!

ФАКТ

50% новонастанати бизниси во Европа доживуваат неуспех во првите пет години, а тоа е последица на фактот што 70% од сопственици не се доволно подготвени за работата. 90% пред да започнат со приватниот бизнис не ги тестираат своите идеи од аспект на пазарот.