Верувања кои ќе ве направат успешни

На прв поглед, успешните луѓе изгледаат како да успеале во животот поради нивниот талент, и врските на нивните семејства. Сепак, тоа не е случај за сите.

Тие успеале во нивните бизниси и индустрии токму поради тоа што верувале!
1. Заборавете ја судбината. Фокусирајте се на она што го сакате
Ако сакате да бидете успешни, немојте да се потпирате на концептот на „судбината“. Немојте ниту да помислувате на тоа дека „судбината“ ќе направи да се случи, она што треба да се случи.
Кога Стив Џобс бил отпуштен од неговата сопствена компанија, тој можел едноставно да престане и да им вели на луѓето: „Едноставно не ми беше судено“. Но, што направи следно? Бидејќи бил премногу фокусиран да развие технологија која ќе помогне да се промени светот, тој ја основал NeXT, новата компјутерска компанија.
„Понекогаш животот ве удира по глава со тула. Не губете вера. Убеден сум дека единственото нешто што ме одржуваше, беше тоа љубовта кон она што го работам. Морате да ја пронајдете таа љубов“ – Стив Џобс

2. Неуспехот значи прв обид за учење
Помислете на некоја успешна личност која ја знаете. Дали знаете некоја личност која станала успешна уште на првиот обид?
Опра Винфри била отпуштена од нејзината прва телевизиска работа како водителка, Волт Дизни бил отпуштен од издавачот на еден весник бидејќи немал доволно идеи. Ван Гог продал само една слика во неговиот живот.
Затоа, следниот пат кога нема да успеете, обидете се повторно. Успешните луѓе не застанале – не треба да застанете ниту вие.

3. Никогаш не се сомневајте во себеси
„Без разлика дали мислите дека можете или не можете, вие сте во право“ – Хенри Форд
Патото до успехот е тежок. Луѓето ќе ве исмеваат и ќе ви се подбиваат. И понекогаш саканите кои мислат дека ве заштитуваат ќе се обидат да разговараат со вас и да ве натераат да се откажете.
Не се откажувајте за она што мислите дека навистина можете да го постигнете.

4. Изберете да продолжите, дури и тогаш кога не оди

„Наш избор е, да покажеме кои навистина сме, далеку повеќе од нашите способности“ – Џ.К.Роулинг
Ролинг работела на нејзиниот прв роман кога била самохрана мајка и живеела од социјална помош. Но тоа не ја спречило да ја заврши книгата и да ги моли издавачките куќи од целиот град.
5. Да се биде гениј не значи дека автоматски ќе бидеш успешен
„Паднав на некои испити но мојот пријател ги положи. Тој е инженер во Микрософт, а јас сум сопственик на Микрософт“ – Бил Гејтс.
Не мора да ги имате сите кецови во ракав. Не мора да бидете најдобри од целиот клас. Талентот и упорноста се најдобрите кецови кои можете да ги имате во ракав.

6. Ако нешто навистина сакате, ќе пронајдете начин да го добиете

Волт Дизни ги прашувал банките дали може да му позајмат пари за да направи забавен тематски парк. Бидејќи немал никаква кредитна историја и обезбедување, банките го одбиле. Така, тој позајмил од неговото сопствено осигурување и секако, направил историја.
7. Преземајте пресметани ризици
„Не се плашете да се откажете од тоа што сте добри, за да станете одлични“ – Рофелер
Чудото од дете Магнус Карлесен одлучил да стане професионален играч на шах кога сфатил дека бил „доста добар“. Не ја донел одлуката од каприц. Тој претходно ги оценил своите способности и одлучил врз тој факт.
8. Треба да знаете во што се впуштате
„Ако не знаете да го објаснете едноставно, тогаш не го знаете доволно добро“ – Ајнштајн
Успешниот милионер Ворен Бафет верува дека не треба да инвестирате во нешто што не го разбирате. Едноставно кажано, ако не разбирате како работи, како ќе направите пари од него?

9. Услугите секогаш ја победуваат себичноста
Да се биде себичен и да се биде скржав може да ви помогне да направите пари на почеток, меѓутоа ова не е добар долгорочен план.
Фокусирајте се да им услужите на другите луѓе и да им помогнете.

10. Немојте да чекате. Создадете

„Лифтот на успехот не работи. Затоа, ќе мора да ги употребите скалите… еден по еден чекор“  Џо Жирар
Основачот на KFC Сандерс возел низ цела Америка и го нудел рецептот за пржено пилешко. Чукал на многу врати, спиел во неговата кола и добил 1.009 одбивања. На 1.010 пат, тој конечно добил да.