Вештини без кои нема да успеете во иднина

Се чини дека образованието сè уште се фокусира на конвенционалните столбови на учењето: читањето, пишувањето, пресметувањето, но тие не се доволни… Со сe побрзиот ритам на напредување на технолошките иновации, потребно е прилагодување на новите барања на светот околу нас за да се постигне успех. „The learning curve“ наведува вештини без кои не би можеле да функционираме во светот утре.

Лидерство

Современите теории се оддалечуваат од идеите на лидерството, кои велат дека моќните поединци мора да управуваат со останатите, а сe повеќе се насочуваат кон поттикнување соработка, заедничка работа која води кон заеднички цели, а потоа и достоинствено однесување. Ова лидерство ќе се бара во иднина.

Комуникација

Најкратко кажано, без оглед на јазикот на кој зборуваме или средствата со кои комуницираме, добрата комуникација се темели на отворено и искрено делење информации на начин кој создава меѓусебно разбирање. Бариерите кои во текот на комуникацијата најтешко ќе се срушат се оние културолошките, но и психолошките. Активното слушање е основа без која тешко ќе постигнете консензус за било што.

Дигитална писменост

Дигиталната писменост е способност и можност за употреба на дигиталната технологија за побрзо да пронајдеме, прочитаме и искористиме информации. Тука е и користењето на новите можности за комуникација и работа како „Скајп“, „Твитер“ итн.

Емоционална интелигенција

Овој тип интелигенција најчесто се дефинира како способност за забележување и препознавање емоции, како кај нас самите, така и кај другите. Потоа, тука е можноста да ги разликуваме, но и искористиме во практични ситуации. Оваа тема веќе влегла во бројни области, па така студентите по психологија, социологија и комуникологија, како и маркетинг, на предавањата учат за неа.

Image result for entrepreneurПретприемништво

Повеќето од нас се запознаети со дефиницијата за претприемништво која е поврзана со работата, а претприемачот го замислуваме како личност која отвора сопствено работно место и е подготвена за ризици за да заработи. Но, особините на еден успешен претприемач се и креативност, страст, смисла за иновација, без оглед на секторот во кој се гради кариера.

Граѓанско образование

Оддалеченоста меѓу луѓето се намалува денес благодарение на технологијата која ни овозможува секогаш да бидеме во контакт, но и благодарение на економиите и политичките системи кои ги поврзуваат земјите. Сите ние сме граѓани на светот и мора заедно да работиме во најдобар интерес на сите нас.