Како се постигнува успех според Ворен Бафет

Ворен Бафет знае што е потребно за да се постигне успех. Освен што 85 проценти од своето богатство ги наменил за добротворни организации, со години наназад несебично го споделува и своето знаење. Еве десет уверливи цитати за успешен живот од еден од најбогатите луѓе во светот, но и исто толку совети што се читаат меѓу редови:

1. Треба добро да ја знаете својата работа 

– Ризикот доаѓа кога не знаете што работите.

Дали победата на светскиот шампион е неизвесна? Ворен Бафет не смета дека е така. Дури и ако на почетокот постои некаква неизвесност, подоцна вештината ќе ја победи среќата.

2. Добро размислете пред да донесете одлука

– Многу време, речиси секојдневно, поминувам седејќи и размислувајќи. Тоа е многу ретко за бизнисот во Америка. Читам и размислувам. И што повеќе го правам тоа, сè поретко носам импулсивни одлуки во споредба со повеќето луѓе во бизнисот. Јас всушност го правам тоа затоа што претпочитам ваков начин на живот.

Многу стопанственици и бизнисмени носат импулсивни одлуки, кои понекогаш можат да донесат големи добивки, но понекогаш и чинат многу. Ворен Бафет оди по поинаков пат, сметајќи дека за да се постигне успех, но и за да се одржи, треба многу внимателно да се разгледаат сопствените избори од секој аспект.

3. Секогаш мудро зборувајте

– Потребни се 20 години за да стекнете репутација, а само пет минути за да ја уништите засекогаш. Ако тоа го имате предвид, сигурно ќе постапувате поинаку.

Во бизнисот, како и во животот, мора да бидете внимателни. Застрашувачка е и самата помисла колку лесно може да се изгуби добриот имиџ во јавноста. Затоа, бидете внимателни и добро одмерете ја секоја одлука што може да влијае врз угледот што го уживате во јавноста.

4. Ако работите се лоши, не правете ги полоши отколку што се

– Најважно е, кога ќе се најдете во дупка, да престанете со копање.

Повеќето луѓе кога ќе се најдат во неволја, обидувајќи се да ја подобрат ситуацијата, честопати ја прават уште поголема. Тоа е лоша навика. За успешност, многу е важно точно да се знае кога најдобриот потег за да се извлечите од проблемот  е да не правите ништо.

5. Поврзете се со вистинските луѓе

– Не можете да направите добар бизнис со лоши луѓе.
Тешко е да сметаш на некој во кого немаш доверба. Животот и бизнисот си наликуваат по ова прашање.

6. Не верувајте и не очекувајте премногу од многу луѓе

– Се обидувам да ги поставам работите толку добро, да може дури и идиот да ги води. Затоа што, порано или подоцна, така и ќе биде.

Дури и најдобрите советници еден ден можат да ве изневерат. Бидете подготвени на тоа и имајте алтернативно решение во ракавот.

7. Почитувајте ги вашите претходници

– Денес некој седи под сенка затоа што некој друг пред многу години на тоа место посадил дрво.

Ако сте успешни, тоа делумно е и затоа што некој друг пред вас поплочил мал дел од патот по кој сте оделе. Не заборавајте ги вашите претходници и почитувајте го секој што и малку придонел во вашиот успех.

8. Треба да знаете кога треба да го напуштите бродот што тоне

– Ако се најдете на брод кој хронично пропушта вода, вложувањето  енергија во правење нов брод најверојатно ќе биде попродуктивно од обидите да ги затнувате дупките на стариот.

Успешните луѓе не ризикуваат кога поразот е неизбежен. Вистинско мајсторство е навреме да се препознае бродот што ќе потоне.

9. Навиките тешко се менуваат

–  Многу лесно да се испуштат синџирите на навиките пред да станат претешки за да се прекинат.

Потрудете се да создавате и да негувате добри навики, бидејќи колку подолго ги практикувате, потешко ќе се ослободите од нив.

10. Бидете сигурни во својот успех, дури и кога сите се сомневаат во тоа

– Отсекогаш знаев дека ќе бидам богат. Мислам дека во тоа не се посомневав во ниту една минута.

Обидете се секогаш да верувате дека ќе успеете. Ќе ви треба време за да ги уверите сите околу вас во тоа, но ако силно верувате во себе, и другите ќе почнат да го чувствуваат истото. Тогаш и тие ќе поверуваат.

Сигурно е дека дополнителна мотивација може да пронајдете и во предизвиците со кои ќе се соочувате во работата. Но како да обезбедите сигурен успех, тоа е веќе друга работа. Соодветно образование и стекнувањето вештини можат да бидат првиот чекор кон таа цел. Исклучителните поединци како Ворен Бафет континуирано се едуцираат затоа што доброто образование спречува многу грешки и придонесува за поголема самодоверба. Успехот е само последица од тоа.