Сеуште не сте се збогатиле? Почнете!!!

Уморни сте секој месец да го завршувате прашувајќи се каде заминале Вашите заработени пари? Можеби е време за промена. Започнете да ги почитувате следните правила и ветуваме дека ќе забележите промена веќе следниот месец.

Image result for how to get rich

– Планирајте и гответе ги оброците.
– Купувајте ги на големо оние работи кои Ви требаат постојано.
– Купувајте ги брендовите на маркетите, обично се поевтини.
– Престанете да купувате готова храна.
– Не купувајте намирници кои навистина не Ви се неопходни.
– Подгответе си го кафето за носење.
– Носете ручек на работа/факултет.
– Немојте да пиете надвор, купете алкохол и соберете го друштвото дома.
– Следете ги трошоците и направете план за цел месец.
– Купувајте квалитетни производи кои траат подолго.
– Мислете на трошењето во часови наместо во денари – во зависност од она што го заработувате за час одредете колку треба да трошите за еден час.
– Пред да купите нешто, запрашајте се: Какво добро ќе ми донесе ова?
– Сокријте половина од својата плата. Така ќе бидете принудени да живеете на помалку пари.
– Почекајте најмалку два дена за сè што е поскапо од 2.000 денари.
– Користете велосипед наместо автомобил!