Започнете свој бизнис без да дадете отказ од работа

Македонија е мала, но денес сите имаат Интернет и затоа цел свет ти е на дланка. Има начини како да го искористиш своето онлајн присуство за дополнителни приходи, без да треба да си дадеш отказ од работа.
Ако си доволно упорен и истраен, можеби тоа ќе стане твој сигурен бизнис.

ОТВОРИ СВОЈ ВЕБ-САЈТ, НО ДОБРО РАЗМИСЛИ КАКОВ

За да не биде и твојот веб-сајт „чудо за 3 дена“ од кое набрзо ќе се откажеш, најпрво добро размисли каков веб-сајт да започнеш. Навистина ли мислиш дека е потребен уште еден веб-сајт за забава, за колективни попусти или за нарачка на храна?
Ако веќе започнуваш нешто такво, размисли што те „нервира“ кај тие сајтови и обиди се тоа да го подобриш. Ако си ист како и останатите, зошто би имал посети на сајтот?
Секако, потребно е да вложиш и во маркетинг, но Фејсбук рекламите не се премногу скапи дури и за Македонија. А кога ќе имаш доволно посетители, ќе можеш да заработуваш од реклами или директна продажба на сајтот.
Не заборавај дека ништо нема да се случи преку ноќ и дека можеби ќе ти се потребни месеци, па и години додека не почнеш да заработуваш доволно за да живееш од својот веб-сајт.

Image result for website imageТЕ БИВА ЗА ГОТВЕЊЕ? НА ДРУГАРКИТЕ СИ ИМ ФЕШН-ГУРУ? ЕКСПЕРТ СИ ЗА НЕШТО? ТОГАШ ОТВОРИ СВОЈ БЛОГ!!!

Каква и да е твојата страст, со квалитетни содржини – ќе најдеш публика за неа и ќе можеш да заработуваш од својот блог. Кога ќе имаш доволно посетители на блогот – ќе можеш да заработуваш од Гугл-реклами (AdSense), од познатите брендови преку постови во кои користиш нивни производи или преку банери поставени на твојот веб-сајт.Image result for fashion blog
Но, заработката не смее да биде твојата прва цел!!!
Треба да пишуваш на тема која навистина те интересира затоа што ако не го правиш тоа од љубов – нема ни редовно да пишуваш, ниту пак ќе одржуваш одредени стандарди.
Читателите брзо ќе препознаат дека нешто е „фејк“ и напишано „ради реда“.