Животното искуство на Стив Џобс

Стив Џобс ќе остане запаметен како успешен човек, но истовремено и како креативна личност која направи вистинска револуција во светот на технологијата. Во негова чест Business Insider одвои некои од неговите најинспиративни мисли.
Related imageЕве што мислел тој за богатството, креативноста, грешките, иновациите и слично, станува збор за мисли извадени од негови интервјуа и говори:

1. Креативност

„Креативност значи поврзување на работите. Кога ќе ги запрашате креативните луѓе како нешто направиле, тие чувствуваат малку вина бидејќи не знаат тоа да го објаснат, едноставно го виделе тоа, за нив тоа е очигледно“.

2. Дизајн

„Тешко е да се осмислуваат производи водејќи се според тоа што луѓето би сакале да го слушнат. Честопати луѓето не ни знаат што сакаат додека тоа не им го покажеш“.

3. Квалитет

„Биди синоним за квалитет, некои луѓе не се навикнати на средина во која се очекува квалитет“.

Image result for steve jobs4. Смислата на животот

„Не можеш да ги поврзеш точките гледајќи напред, можеш единствено ако погледнеш назад. Затоа мора да веруваш дека точките некако ќе се поврзат во иднината. Мора во нешто да веруваш, без разлика дали е тоа карма, судбина, претчувство, живот, што и да е. Мене никогаш ме нема изневерено овој пристап, но ми го има променето животот“.

5. Богатство

„Ништо не ми значи фактот дека ќе бидам најбогатиот човек на гробишта. Фактот дека си легнувам навечер знаејќи дека сум направил нешто убаво претходно, е тоа е она што ме мотивира“.

Image result for steve jobs6. Иновации

„Се гордеам со многу работи што не сме ги направиле како и со оние работи што ги имаме направено, да се биде иновативен значи да се каже „не“ на многу работи“.

7. Отказот

„Кога ме избркаа од Apple тоа беше најдобрата работа што ми се има случено. Товарот на успехот се замени со леснотија бидејќи повторно станав почетник. Тоа ми помогна да го започнам еден од најкреативните периоди во животот“.

Image result for steve jobs8. Живот

„Кога имав 17 години ја прочитав реченицата „Живеј го секој ден како да ти е последен и еден ден ќе бидеш во право“, тоа многу ме трогна. Следните 33 години секое утро се погледнував во огледало и се прашував дали навистина сакам да го направам тоа што треба да го направам тој ден ако ми е последен ден.
Кога повеќе денови по ред си одговарав со „не“ знаев дека е време за промени.

9. Успех

„Убеден сум дека во половина случаи успешните луѓе се разликуваат од неуспешните единствено по упорноста“.