Златни животни правила: Заедничката работа ја зголемува веројатноста да се победи

Сечиј живот е приказна сама за себе. Не постои упатство или правила според кои треба да го живееме, иако низ историјата многу мудрости останале запаметени да даваат насоки.

Related image

1. Правило на репроцитет: Пред да судиш за грешките на другите, погледни се себе. Оној кој фрла кал не може да има чисти раце.
2. Правило на болка: Само огорчен човек може да ги навредува другите.
3. Правило на повисоки патишта: Ние преминуваме на повисоко ниво, кога на другите ќе почнеме да им се обраќаме подобро отколку што тие ни се обраќаат нам.
4. Правило на бумеранг: Кога им помагаме на другите – си помагаме сами на себе.
5. Правило на размена: Наместо да ги ставите другите в ред, потребно е да се ставите себе си на нивно место.
6. Правило на учење: Секој човек кога ќе го сретнеме, има потенцијал да не научи нешто.
7. Правило на харизма: Луѓето се интересираат за оној кој се интересира за нив.
8. Правило на ситуација: Никогаш не дозволувајте ситуацијата да Ви значи повеќе од односот.
9. Правило на Боб: Кога Боб има проблем со сите, обично проблем е самиот тој.
10. Правило на пристапност: Леснотијата во односот со Вас им помага на другите да се чувствуваат удобно покрај Вас.
11. Правило на трпение: Кога патувате со други патот е секогаш побезбеден и побавен отколку кога патувате сами. Ако сакате да одите далеку – одете со другите, ако сакате да одите брзо, одете сами.
12. Правило на две страни од иста паричка: Вистинскиот тест на односот не е во тоа колку верни пријатели сте кога другиот е во неволја, туку колку се радувате кога другите постигнуваат успех.
13. Правило на соработка: заедничката работа ја зголемува веројатноста да се победи.