Зошто луѓето кои се успешни на училиште не се секогаш успешни во животот?

Кога бевме мали, не учеа дека ако сакаме да бидеме успешни, мораме да учиме напорно и да имаме добри резултати на училиште. 
Петките мораа да бидат цел во нашиот живот ако сакавме да бидеме успешни во животот. Но, во реалноста, колку петкаши познавате кои станале навистина успешни кога пораснале?
Добрите момчиња и девојчиња кои беа дисциплинирани на училиште, и кои ги носеа домашните задачи навреме и добиваа добри резултати на тестовите, имаат иста шанса да завршат работејќи работа која не ја сакаат и покрај тоа што можат да направат добри пари од истата.
Зошто е тоа така? Нели не учеа дека ако сакаме да бидеме успешни треба да учиме многу и да бидеме добри на училиште? Бидејќи…
Она што ви е потребно за добар и успешен живот никогаш не се учи на училиште!
Ова не е обесхрабрување да не учите; постојат предмети како што се јазиците, простата математика, музичко и физичко кои се доста корисни за нас. Меѓутоа, важно е да се знае дека наставната програма не е совршена.
Постојат многу работи кои се важни за живот, а кои не се вклучени во наставната програма. Покрај тоа, постојат неколку лоши навики кои училиштата ги поддржуваат:
– Нe тераат да подигнеме рака и да чекаме да не изберат. Постојано не тераат да прашуваме други луѓе за било каква дозвола.
– Не учат да прераспоредуваме идеи наместо да ги поттикнеме.
– Не учат дека луѓето со авторитет знаат иако никој што е на врвот не знае што се случува.
– Не учат да веруваме дека го мислат најдоброто за нас, а тие всушност воопшто не се заинтересирани за нашите достигнувања.
Image result for bad school kidsВо основа, за да успеете на училиште, потребно е да бидете послушни, а дали сте добри или најмногу зависи од очекувањата на наставници. И наместо тие да им помагаат на учениците да сфатат зошто треба да прават одредени работи, наставниците (или образовниот систем) едноставно ги тераат учениците да следат правила, не оставајќи им простор за оригиналност и критичко размислување.
Но, животот не функционира на овој начин во реалноста. За да успеете во животот, треба да размислувате малку пошироко и различно од она што го мислат другите.
И постојат многу аспекти за кои треба да се грижите освен училишните предмети, на пример, како да бидете среќна личност; како да одржувате здрави односи; како да работите паметно и слично.
Image result for happy student
Правење лоши работи на училиште не ве прави неуспешна личност (и статистиката го поддржува тоа)
Факт е дека секој што има (барем) средношколска диплома, има повеќе можности бидејќи потребно е човек да има фундаментално знаење и вештини; сепак, статистиките покажуваат дека луѓето кои не успеале на училиште, не значи дека не успеале во животот.
Сигурно ги знаете Стив Џобс, Ричард Бренсон, Опра Винфри, Џим Кери и други – сите тие не беа баш најдобри на училиште или пак се откажале од училиште.
Животот е долга лекција, толку долга што не можете да го дефинирате успехот на една личност со само една секција од него.
Related imageАко сте завршиле училиште, продолжете да учите бидејќи она што сте го научиле на училиште не е доволно за да водите одличен живот
Ако сeуште учите, без разлика дали сте добри или лоши на училиште, не ги сфаќајте училишните резултати премногу сериозно. Никогаш слепо не верувајте во она што ви го кажуваат – дека добрите оценки се единствениот начин да се биде успешен, или дека следењето правила секогаш е добро за вас. Накратко, не престанувајте да размислувате.
Ако сте родител или наставник, немојте да се фокусирате само на оценките на децата. Обидете се да го откриете нивниот потенцијал и да ги ослободите нивните таленти на тој начин тие ќе изградат самодоверба и на крај ќе водат успешен живот.