Зошто некој клиент би платил за вашиот дигитален бизнис?

17-prichini-poradi-koito-klientite-slagat-parite-na-masata

Според искуството на екипата на Board of Innovation (консултантска компанија за иновации во големи корпорации), повеќето од нивните клиенти го поставуваат погрешното прашање: “Кои модели за приходи да ги користам?“. Според советниците сепак, вистинското прашање е: “Зошто луѓето ќе ме плаќаат?

Прво дознajте зa што луѓето плаќаат и потоа истражете го вистинскиот бизнис модел, за да ја доловите оваа вредност.

По тој повод, тимот на компанијата Board of Innovation подготвил презентација, а ние ви претставуваме 10 причини зошто некој клиент би платил за вашиот дигитален бизнис.

Да почнеме со првата причина:

1. Луѓето сакаат да изгледаат професионално.

примери:

  • Chocolat App – Ако не платите $ 49, фонтот на овој текст едитор за Mac ќе се смени во Comic Sans, а тој изгледа ужасно.
  • Windows Vista Home Basic vs. Windows Vista Business – не сакате да бидете оној менаџер кој отвора “Home Basic” во почетокот на важен состанок, нели?
  • Flickr.com – Некои луѓе плаќаат $ 25 годишно, за да имаат PRO значка на името на профилот.

2. Луѓето сакаат да се дел од група, нешто големо.

примери:

  • Founderscard.com – $ 495 членарина за пристап до ексклузивни привилегии за претприемачи. За да станете член треба да знаете некој кој веќе ја поседува оваа картичка, некој да ве препорача.
  • App.net – Дали би платиле за да го користите Twitter? Некои плаќаат! App.net нуди платена алтернатива. На Twitter сте корисник, а тука сте член.

3. Да доживуваат и да откриваат нови работи. Мистерија и возбуда.

пример:

Farmville на Zynga – Што има во кутијата? За да ја откријат содржината, играчите треба да донесат 10 пријатели или да платат 20 Farm Coins ($ 10 = 55 Farm coins). Овие се едни од најпознатите техники на “коцкање” кои се користат во бесплатните игри.

4. Луѓето не сакаат да губат работи.

примери:

  • Pinboard.inYahoo одлучи да ја затвори бесплатната услуга Delicious. Pinboard брзо отвора платена алтернатива со која ги чува белешките. 10 $ еднократен надомест.
  • Gmail.com – кога Gmail-от ви е полн, а не сакате да брзате да ги сортирате пораките и да ги бришете непотребните, едноставно плаќате $ 5 годишно за 20 GB.

5. Луѓето сакаат да завршуваат збирки.

примери:

  • Fontshop.com – Може 3 фонта ви се доволни, но кога има 16 различни, некои луѓе би ги купиле сите. Само во името на “комплетност“.
  • Humble Bundle – “Плаќаш како сакаш” – моделот е итар, но за да имаш комплети од сите 9 игри, треба да платиш повеќе од вообичаеното.

6. Зачувај тајни. Можност да ја контролирате вашата приватност.

пример:

Livestream.com – Опциите да ги скриеш клиповите од сите или да бидат заштитени со лозинка, се платени $ 333 на месец.

7. Силно, подобро, побрзо.

примери:

  • Rapidshare.com – Оваа услуга за споделување на датотеки ја ограничува брзината за симнување на датотеки на бесплатни корисници. Паралелните преземања се исто така достапни само со платена употреба. Цената е € 8.33 на месец.
  • Evernote – Датотеките на Premium корисниците се обработуваат побрзо од оние на бесплатните корисници. Можете да станете Premium корисник за € 40 годишно.

8. VIP односот. Дозволете им на луѓето да бидат први, фокусирајте се на ексклузивност.

примери:

  • Steam – Некои гејмери плаќаат за да играат уште незавршени игри, единствено заради правото да ја пробуваат играта први.
  • Plex Media App – претплатите на plex pass, почнувајќи од € 3,99 на месец, им дава на корисниците повреден пристап до нови функционалности.

9. Дајте им на клиентите право да управуваат и чепкаат.

примери:

  • Yammer.com – За да управуваат со поголема база на корисници или за да менуваат одредени поставувања, многу услуги им нудат Premium функционалности на администраторите.
  • AppMakr.com – Оваа услуга за преземање на апликации за iPhone, им нуди на Premium корисниците можност да додаваат свои код линии и да менуваат HTML.  $79 / апликација / месец

10. Оспособување на корисниците да персонализираат искуство.

примери:

  • Wetransfer.com – Оваа услуга за пренос на датотеки обезбедува различни опции за персонализација на брендирање.
  • Windows 7 – Како лош пример, Windows 7 Starter edition (најевтината верзија) не им овозможува на корисниците да менуваат од каде доаѓа нивната работна околина. Несоодветно решение кое создаде многу незадоволство.