10 мисли кои ќе го променат вашиот живот

Image result for oscar wilde
„Сè додека една личност е посветена на нешто, секогаш ќе има двоумења кои ќе ја враќаат – Кога станува збор за сите активности поврзани со креативност и иновативност, има една елементарна вистина за незнаењето кое убива безброј идеи и одлични планови: оној момент кога личноста целосно се посветува на нешто. Се случуваат секакви работи, кои му помагаат и ја поткреваат таа една којашто треба да се случи. Цела низа на случувања од една одлука, која раѓа и предизвикува случувања  и непредвидени инциденти за коишто нитуеден човек не можел ни да сонува дека ќе му се случат. Сè што можеш да направиш или сè што сонуваш, започни го . Смелоста има генијалност, моќ и магија во себе. Започни го сега“ – Гете
„Го научив ова, од мој експеримент: доколку некој напредува самоуверено во насоката на неговите соништа, и настојува да го живее животот кој тој си го замислил, тој неочекувано ќе се сретне со успехот“ – Хенри Дејвид Тхорoу
„Зошто нè учат дека е лесно и зло да го правиме она што го сакаме и ни е потребна дисциплина за да се воздржеме самите себеси? Најтешката работа на светот е да го правиш она што го сакаш. Потребна е навистина голема храброст“ – Ејн Ренд
„Биди свој, сите други се веќе зафатени“ – Оскар Вајлд
„Единствените луѓе за мене се лудите, оние кои се луди да живеат, луди да зборуваат, луди да бидат спасени, оние кои посакуваат сè истовремено, оние кои никогаш не се прозеваат и велат дека е вообичаена работа, но горат, горат како прекрасни жолти романски свеќи и експлодираат низ ѕвездите“ – Џек Кероуац
„Не е критиката онаа која се брои; не е ниту човекот којшто кажува како силниот човек се сопнува, или како оној којшто прави добри дела можел да ги направи подобро. Заслугата му припаѓа на човекот којшто се наоѓа во арената, оној чие лице е цело во прашина и пот и крв; оној кој се стреми храбро, кој се обидува повторно и повторно, бидејќи нема напор без грешки и недостатоци; оној којшто се стреми да направи дело и кој го знае ентузијазмот и посветеноста; оној кој најдобро го знае триумфот на високото постигнување и оној кој доколку не успее, барем не успева осмелувајќи се силно, за неговото место никогаш да не биде до оние кои имаат ладни и срамежливи души кои не ги познаваат ниту победата ниту поразот“ – Теодор Рузвелт.
„Нашиот најголем страв е дека не сме соодветни. Нашиот најголем страв е дека сме моќни надвор од мерката. Повеќето се плашат во нашата светлина, а не во нашата темнина. Се запрашуваме себеси: „Кој сум јас за да бидам брилијантен, прекрасен, талентиран, прекрасен?“ Всушност, а зошто да не си? Ти си дете Господово. Ние сме родени да блескаме, како што блескаат децата. Ние сме родени за да ја покажеме славата на Бога којашто е со нас. Таа не се наоѓа само во нас; таа е во сите нас. И како што ја оставаме да свети, несвесно ние им даваме дозвола на другите луѓе да го направат истото. Како што ние се ослободуваме од сопствениот страв, нашето присуство автоматски ги ослободува другите“ – Мариен Вилиамсон
„Да се смееш често и да сакаш многу; да ја освоиш почитта на интелигентните луѓе и љубовта на децата; да ја заработиш почитта од чесните граѓани и да го издржиш предавството од лажните пријатели; да ја цениш убавината; да го пронајдеш најдоброто во другите; да го направиш светот подобар; да играш и да се смееш со ентузијазам; да знаеш дека дури и само еден живот дише полесно бидејќи ти живееш – ова е успех“ – Беси Андерсон Стенли
„Никогаш не се сомневај дека мала група на внимателни, посветени граѓани може да го променат светот. Навистина, ова е нешто што секој го има во себе“ – Маргарет Мед
„Биди промената што сакаш да ја видиш во светот“ – Махатма Ганди