5 знаци кои покажуваат дека самите сте пречка за вашиот успех

Постојат многу луѓе кои работат напорно за да успеат, исто толку постојат луѓе кои не ги сфаќаат грешките кои постојано ги прават, па така долго време тапкаат во место.

Доколку ги забележите следните знаци, тогаш време е да ги промените работите, бидејќи самите вие стоите на патот до вашиот успех.
1. Не можете да завршите одредена задача пред да започнете нова.
Некои луѓе едноставно не можат да завршат. Без разлика на причината, и без разлика на тоа колку време тие имаат или пак колку информации и извори се достапни за нив – тие не можат да се фокусираат и нешто да завршат. Можеби е стравот од тоа како ќе изгледа нивниот конечен резултат, или пак се плашат дека нема да биде добар, па нема да можат да направат одредени промени.
„Единствената цел на започнувањето на нештото е неговото завршување. И додека проектите кои ги правиме никогаш не се навистина завршени, тие мораат да бидат испратени“, вели Сет Годин во неговата книга „Are you indespensable?“
Доколку го пропуштите вашиот краен рок и секогаш доцните, на крајот ќе немате со што да се покажете и докажете.
2. Сакате да направите сè сами.
Неуспешните луѓе сакаат да направат сè сами. Тие не веруваат на другите луѓе дека можат да ја извршат работата толку добро како нив. Меѓутоа дури и ако се во право – што е за сомневање бидејќи никој не е најдобар во сè, ова е неодржлива бизнис филозофија.
Доколку сакате вашиот бизнис да порасне и да станете лидер, тогаш ќе мора да научите да им верувате на другите луѓе. На секоја личност ѝ е потребен тим кој ќе ја поддржува – дури и на најдобрите луѓе.
3. Секогаш сте во право.

Сигурно имате забележано колку им е тешко на некои луѓе да признаат дека направиле грешка. Но доколку не успеете да ја признаете вашата грешка, ќе ја испуштите можноста за учење. Грешките се етапите кон успехот.
Запрашајте некого за совет и признајте дека сте згрешиле, за побрзо да одите напред и да постигнете подобри резултати.

4. Прашувате прашања, меѓутоа не обрнувате внимание на одговорите. 
Сигурно знаете за каква личност станува збор. Прашуваат за ваше мислење, меѓутоа реално тие воопшто не се заинтересирани за она што имате да го кажете. Овој вид на бизнисмени се опкружени со луѓе кои секогаш ќе се согласуваат со нив. А тоа е лошо за бизнисот.
Би донеле подобри одлуки доколку ја напуштите вашата тврдоглавост, и доколку го чуете размислувањето на другите луѓе и мислењето од различна перспектива.
5. Секогаш пронаоѓате причина да не одите напред.
Времето не е вистинско. Економијата не е добра. Немате доволно капитал.
Без разлика на изговорот, секогаш имате. Секогаш ќе постојат причини да не одите напред! Меѓутоа ќе мора да соберете храброст и да преземете одреден ризик. Сите луѓе прават грешки. Тоа е дел од целата забава на ризикувањето. Меѓутоа со текот на годините ќе сфатите дека колку сте поскромни и поотворени, толку имате поголеми шанси да успеете.