Животните лекции на Аристотел

Еден од најпаметните луѓе кои некогаш живееле, Аристотел, бил антички грчки филозоф. Тој поминал добар дел од животот учејќи, предавајќи и пишувајќи. Тој му бил студент на Платон и учител на големиот Александар Македонски.

Image result for aristotel

Неговите трудови покриваат многу предмети, вклучувајќи ја физиката, метафизиката, поезијата, театарот, музиката, логиката, реториката, лингвистиката, политиката и други полиња. Иако живеел околу 384 години п.н.е, сепак неговите мудри зборови влијаат до ден денес, 2.337 години после неговата смрт. Ова се неговите најмудри лекции за животот.
1. „Спознавањето на себеси е почетокот на секоја мудрост“
Откривањето и разбирањето кој си ти од перспектива на трето лице е најважното нешто што можеш да го откриеш и дознаеш во текот на твојот живот. Кога ќе станеш свесен кој си, која е твојата силна страна, кои се твоите слабости, што сакаш и што не сакаш, и како се чувствуваш и како размислуваш, тогаш можеш да постигнеш се` што сакаш во животот. Наједноставно, разбираш зошто го правиш она што го правиш и со тоа можеш да направиш соодветни промени во твојот живот.
2. „Знакот на образован ум е да биде во можност да се забавува со една мисла без да ја прифати“
Сите можеме да се забавуваме со перспективите на другите луѓе и да ги впиваме нивните мислења. Не мора да го прифатиме нивното размислување како сопствено. Важно е да разбереш дека не знаеш се` во животот и никогаш нема да знаеш. Во ред е да се биде малку пристрасен затоа што мора да стоиш цврсто за нешто. Исто така, важно е да имаш отворен ум и да имаш почит кон мислењето на другите. Не мора да го прифатиш како свое, но почитувај го затоа што е на друг.
3. „Трпението е горчливо, но неговиот плод е сладок“
Ова е клучна компонента до секој голем успех. Трпението е тешко, и често пати знае да биде предизвик. Колку е подолг процесот, толку е подолго патувањето и колку понапорно работиме, толку е посладок плодот на успехот.
4. „Задоволството во работењето му дава совршенство на работата“
Кога избираш кариера или пат по кој треба да ги следиш соништата, потруди се да биде нешто што вистински го сакаш. Нешто во кое ќе уживаш секојдневно, без да размислуваш два пати за тоа. Ако избереш кариера која ќе ја сакаш, тогаш ќе бидеш поентузијастичен за правење на одличен производ или услуга.
5. „За време на нашите најмрачни моменти мора да се фокусираме за да ја забележиме светлината“
Мора да избереме да бидеме оптимисти и покрај сите трагедии во животот. Дури и во твоите најтемни моменти можеш да избереш да ги гледаш нив како нешто што те направиле посилен.
6. „За да избегнеш деструктивна критика не вели ништо, не прави ништо“
Секогаш кога ќе сакаш да дадеш одредено мислење или во средината на постигнување на нешто големо, ќе мораш да се соочиш со критиките, но тоа е така. Критиките се дел од животот на човекот – луѓето гледаат различно на работите, а се појавува и љубомора, такашто ако избереш да останеш настрана во страв од другите, тогаш не можеш да постигнеш нешто големо. Мора да научиш да ги прифатиш критиките затоа што тие те прават посилен и помудар.
7. „Извонредноста никогаш не е случајна. Секогаш е резултат на висока намера, искрен напор и интелигентно извршување; претставува мудар избор на многу алтернативи – изборот, а не шансата, ја одредува твојата судбина“
Без оглед на тоа како мислиме и размислуваме, нашиот стандард, вредности и судбина е производ од нашиот избор кој го правиме. Извонредноста не се случува кога човек има среќа, и таа не е случајна. Извонредноста се постигнува со точната количина на напор, образование и многу акција.