Цитати кои ќе ве мотивираат во животот

Сте изгубиле надеж и се чувствувате како да не можете да постигнете ништо во животот? Ви нудиме инспиративни цитати кои ќе ве потсетат дека најдобрата верзија од вашиот живот е на ваше располагање и тоа со вашите одлуки.

1. „Не се обидувам да танцувам подобро од другите. Јас само се обидувам да танцувам подобро од самиот себеси“ – Михаил Баришников
2. „Меѓу стимулот и одговорот постои простор. Во тој простор е нашата моќ да ги избереме нашите одговори. Во нашите одговори лежи нашето растење и нашата слобода“ – Виктор Е. Франкл
3. „Ние сме она што постојано го правиме. Со тоа, совршеноста, не е чин на навика“ – Аристотел
4. „Вашето верување ја одредува вашата акција, а вашата акција ги одредува вашите резултати, но најпрво мора да верувате“ – Марк Виктор Хансен
5. „Силата не доаѓа од победата. Вашите борби ја развиваат вашата сила. Кога ќе преминете преку тешкотиите и кога ќе се одлучите дека не е време за предавање; е тоа е сила“ – Арнолд Шварценегер
6. „Акцијата е основниот клуч за сите успеси“ – Пабло Пикасо
7. „Судбината не е прашање на среќа туку прашање на избор. Таа не е нешто што треба да се чека: таа е нешто што треба да се постигне“ – Вилијам Џенингс Брајан
8. „Трпение и само трпение; болката ќе се сврти кон добро“ – Овидиј
9. „Работите не се менуваат; ние се менуваме“ – Хенри Дејвид Торо
10. „Прашањето тука не е дали ќе се соочиме со непријатните ситуации, туку како добро реагираме на ваквите ситуации“ – Џеф Шор
Related imageImage result for light bulb pngЛесно е да ги оставиме работите на чекање… и потоа да се мразиме себеси поради тоа. Животот може да биде одличен, доколку знаете како да го направите тоа.
Ова се осум потсетници за подобрување на вашата перспектива и мотивација.
1. „Најлошиот аспект на одлагањето е дека тоа може да стане навика. Не ги ставаме на пауза нашите животи: ги одложуваме се’ до нашата смртна постела“ – Стивен Пресфилд
2. „Секој проблем во себе крие можност толку моќна што го намалува самиот проблем. Најголемите успешни приказни беа создадени од луѓето кои го препознале проблемот и го претвориле во можност“ – Џозеф Шугармен
3. „Рационализацијата не е процес на восприемање на реалноста, туку обид реалноста да одговара на нечие чувство“ – Ејн Ренд
4. „Кога ќе се фокусирате на совршенството, тогаш засекогаш стануваме фрустрирани. Кога ќе се фокусираме на напредокот, тогаш се чувствуваме освежени“ – Џеф Шор
5. „Ништо не го запира човекот кој сака нешто да постигне. Секоја пречка е едноставно курс за развивање. Тоа е зајакнување на своите моќи на постигнување“ – Томас Карлајл
6. „Светот се врти околу секоја наша акција, секој наш пропуст, без разлика дали го знаеме тоа или не“ – Абрахам Вергесе
7. „Тајната на живеењето на животот е само прашање на мисли на совршеност. Навистина, тоа ги програмира нашите умови со вид на информации кои ќе не’ ослободат“ – Чарлс Свиндол
8. „Ништо не може да го запре човекот кој сака да ја постигне целта, а има правилен став. Ништо на земјата не може да му помогне на човекот кој има неправилен став“ – Томас Џеферсон