Маркетиншки потези поради кои Кока-Кола денес е успешен бренд

Кока-Кола била создадена во 1886 година, а денес може да се најде во повеќе од 200 земји во светот. Дневно се пијат околу 2 милијарди дози. За да стане еден од најпознатите и најпрепознатливите брендови во светот, Кока-Кола направи одлична стратегија.
Благодарение на тоа, оваа компанија денес е позната во секој дел од светот. Според истражувањата од универзитетот Харвард, Кока-Кола е вториот најпознат збор во светот, веднаш после зборот ОК.
Неколку клучни маркетиншки стратегии и` помогнаа на оваа компанија да се развие во она што е денес. Во книгата која ја напиша потпретседателот на компанијата Дејвид Батлер и ко-авторката Линда Тишлер детално се опишани тие стратегии.

1. Започнаа со формула тестирана на пазарот

Компанијата била создадена кога Џон Пембертон сакал да основа компанија која би произведувала вино со кола. Сакал да го копира француското вино, но направил Кока-Кола. Во основа таа содржела алкохол и кокаин. Во 19-от век американската сојузна држава Атланта вовела забрана за производство на алкохолни пијалоци, па Пембертон морал да произведе безалкохолна верзија. Во тој период единствено овој пијалок бил газиран.
Во соработка со неговиот внук Луис Њуман, тој однел примерок во аптека за на луѓето да му биде претставен новиот пијалок. Благодарение на информациите кои ги добил, тој го прилагодил рецептот кој денес стана воглавно непроменет. Оригиналниот рецепт се чува во трезор во Атланта.
Рецептот без драстична промена и` помогнал на компанијата да создаде посебен и својствен вкус, кој не се прилагодувал на клиентите, туку клиентите се поврзувале со него. На тој начин Кока-Кола станала препознатлив пијалок низ цел свет.

2. Логото е напишано во безвременски фон

Image result for coca cola logoФранк Мејсон Робинсон бил книговодител на Пемберт и му советувал името на компанијата да биде напишан со фонт „Spencerian“ за да се разликува од конкуренцијата. Во 1923 година логото било стандардизирано и останало непроменето, токму како и формулата за пијалокот.

3. Има препознатлива амбалажа

После почетниот успех во 1915 година, Кока-Кола започна да забележува пад на пазарот. Главниот акционер Аса Григс Кандлер започнал натпревар на национално ниво, кој од луѓето барал да дизајнираат препознатливо шише кое Кока-Колата ќе го издвојува од другите пијалоци.
Една компанија од Индијана се јавила на натпреварот и понудила необичен дизајн. Всушност, компанијата го поврзувала пијалокот со какао, кој има интересен и необичен и привлечен облик, што бил инспирација за шишето какво што го знаеме денес. Иако дизајнот со текот на времето малку се менувал, основната идеја останала иста.

4. И продавачите морале да држат висок стандард

Тимот на Кока-Кола одлучил да постави услови на сите оние кои ќе одлучат во својата понуда да имаат Кока-Кола. Пијалокот мора да се служи на одредена температура, со одредени граници кои не треба да се преминуваат.
Иако овие услови денес се малку чудни бидејќи секој својата Кока-Кола ја пие онака како што сака, сепак помогнало во основањето на брендот и неговото одржување до денес.

5. 70 година Кока-Колата имала одредена цена

Од 1886 година до 1959 година Кока-Коалта имала единствена цена и чинела само 5 центи. Иако денес цената е многу различна, почетниот период покажа колку маркетиншките стратегии се важни за да се воспостави долготраен и безвременски бренд.

6. Рекламни алатки

Кандлер сериозно ја сфатил идејата дека Кока-Кола може да биде многу повеќе од само еден пијалок. Тој можел да го направи сериозен бренд кој ќе се продава, оној со кој купувачите можат да се поистоветуваат. Тој одлучил да дејствува во таа насока.
Започнал да дели купони со попусти, а потоа започнал на продавачите да им дава постери и украси, рамки и часовници кои би можеле да ги добијат и купувачите. Батлер пишува дека Кока-Кола била пионер во пласирање на дополнителни предмети кои не се поврзани со почетниот производ.

7. Го усвоил моделот франшиза

Во 1899 година двајца адвокати побараа дозвола од Кандлер да извршат полнење на Кока-КОла. Пијалокот се продавал како сируп кој трговците го мешале со минерална вода за да биде газиран. Кандлер одлучи за еден долар да ги продаде правата за полнење, но никогаш не го вратил.
Така настанал системот на Кока-Кола, која била и е во партнерство со франшиза произведувачи, со што овозможува побрза и поголема експанзија на брендот. Денес постојат повеќе од 250 независни произведувачи низ целиот свет. „Кока-Кола не е една голема компанија, таа е систем од мали компании. Вака можеме да претставуваме нови производи, да воспоставиме нова комуникација, нова опрема. Дизајнот е клучен, ако сакате да напредувате брзо“, пишува Батлер.