Човек може да се запре кога се качува, но не и кога паѓа

Related image

– Ако сакате ништо да не работите, заљубете се во она што го работите. (Свифт)

– Оној кој не греши не работи ништо. (Ленин)

– Бескраен е патот кој води кон ништо. (Ковачевиќ П.)

– Ако сакате да успеете во општеството, убијте ја вашата совест. (Мирабо)

– Му се обраќаме на Бога само тогаш кога сакаме да го постигнеме невозможното. За можното ни се доволни и луѓето. (Лагерлеф)

– Подобро е да бидеш три дена чекан, отколку година дена наковална (Зафар)

– Подобро е на чело на овците да биде лав, отколку пред лавовите да оди овца. (Дефо)

– Подобро е да работиш со луѓе кои сакаат нешто, отколку со оние кои го постигнале она што го сакале. (Бекон)

– Брбливецот е слаб работник. (Шекспир)

– Човек повеќе го убиваат грижите отколку работата. Поради тоа умираат голем број луѓе, бидејќи побројни се оние кои кукаат, отколку оние кои работат. (Бухвалд)

–  Човек без трпение е како ламба без шпиритус. (Сеговиа)

– Човек може да се запре кога се качува, но не и кога паѓа. (Наполеон)

– Човек се прифаќа во општеството според облеката која ја носи, а се испраќа според духот кој го покажал. (Шолохов)

– Човек се смета за објективен ако се сложува со другите. (Гварески)

– За да направи големи дела, човек треба да живее како да не мора никогаш да умре. (Дизраели)

– Човек може сè само ако сака. (Горки)

– За да го сврти вниманието врз себе, човек некогаш мора да стигне последен до целта. (Ликок)

– И секој залет секогаш завршува на земја. (Симиќ)

– Има многу стари идеи кои, кога тогаш, изненадно, стануваат нови. (Достоевски)

– Искуството е како чепкалка за заби: ви служи само вам. (Питигрили)

– Искуството ни дава можност добро да се снајдеме во животот, додека недостатокот од искуство нè препушта на случајот. (Платон)

– Должноста треба да се стави пред сè, а во втор план плодот кој се добива од неа. (Конфучиј)