Дали си спремен да се соочиш?

Сите ние знаеме дека за успех треба напорна работа и упорност. Но, има уште еден фактор што често се занемарува: психичка и емоционална сила. Како и повеќето позитивни особини, кај некои тоа доаѓа полесно, но секој може да работи за да ги развие.Image result for success abstract
За да развиете ментална сила, треба да бидете подготвени да погледнете реално како го живеете својот живот за да дознаете што треба да изоставите и на што треба да работите.
Еве девет од најголемите пречки кои луѓето сами си ги ставаат на својот пат – работи кои треба да ги одстраните ако се ваши пречки:

Related image

Завист

Понекогаш се опишува како уметност на броење на благословот на другиот наместо на својот. Зависта го уништува успехот. Колку повеќе можете да се фокусирате на она што го имате а не на она што го немате ќе бидете многу посреќни и поуспешни. Зависта е илузија; Ништо не добивате од среќата на другите.

Related image

Перфекционизам

Само-злоупотреба од највисок ред, перфекционизмот не е мисија за да се биде најдобар, туку да си дозволувате себе си да се регулирате со најстрогиот глас во вашата глава – оној кој ви кажува дека никогаш нема да бидете доволно добри.
Перфекционизмот не само што го попречува успехот, но исто така може да доведе до анксиозност, депресија и парализа на вашите најдобри достигнувања.

Related image

Споредба со други

Успешните луѓе не се споредуваат со другите. Тие знаат дека тоа е губење на време и енергија, затоа што, како што веќе може да се забележи, никој друг не е како тебе.

Related image

Обвинување

Нашите животи, нашиот успех, нашите достигнувања зависат од нас самите, обвинувајќи ги другите кога работите не ни одат на добро е многу погрешно.
Трошете го вашето време и енергија за да го решите проблемот, наместо да ги обвинувате другите. Обвинувањето е само мрзлив начин на правење смисла на вашите неуспеси и грешки.

Related image

Сомнеж

Секогаш кога се сомневате во себе и колку далеку може да одите, само потсетете се колку далеку сте дошле – со се што сте се соочиле, сите битки што ги имате освоено и сите стравови кои сте ги надминале.
Не му дозволувајте на сомнежот да ве влече надолу, затоа што нема да бидете ефикасни ако сте заковани на едно место и не може да се движите напред.

Related image

Страв

Ако имате страв од неуспех, вие најверојатно се плашите да делувате. Стравот е само начин на умот да ви каже дека имате нешто важно кое треба да го надминете, па не му овозможувајте на стравот да застане на патот на вашиот успех.
Ризиците и опасностите се реални, но стравот е избор. Ако го надминете може да се движите напред посилни, помудри и попаметни.

Related image

Забава

Расеаноста е присутно искушение, чека само на неколку чекори од вас. Но, ако сакате да успеете мора да го огладнувате вашиот нагон за забава и да го храните вашиот фокус.
Наместо моментално уживање, научете се на длабокото задоволство што доаѓа со одговорноста да ги завршувате сите задачи кои ги имате навреме. Не дозволувајте шумот на светот да ве спречи да го чуете гласот на вашиот успех.

Related image

Безбедност

Поголемиот дел од луѓето велат дека не жалат за она што тие го направиле, туку за она што не го направиле кога имале шанса; “Упс” доаѓа и си оди, но “само ако …” има трајна штета.
Животот е премногу краток за да се разбудите наутро со каење. Ако сакате да успеете, имате поголеми шанси ако сте храбри.

Related image

Одлагање

Одложувањето е најголемата форма на само-саботажа. Како што вели поговорката “не оставајте ништо за утре што може да направите денес.”
Дисциплинирајте се себе си за да не ги одложувате вашите обврски и ќе превземите големи чекори кон загарантиран успех.

Related imageКои пречки ве држат назад?

Посветете си малку време за да ги идентификувате ЛАНЦИТЕ КОИ ВЕ ДРЖАТ ВО МЕСТО, а потоа работете на тоа да се ослободите од оние нешта кои не ви дозволуваат да одите напред во својата кариера.