Сонувате за деловен успех?

За беспрекорна кариера и деловен успех мора да го прилагодите вашиот животен стил на одредени стандарди и морате да почитувате одредени правила, како впрочем за се во животот.
За интервју одберете облека со неутрална боја. Истражувањата покажуваат дека шефовите преферираат кандидати кои се облечени во сина или сива боја во комбинација со пастелни тонови.
– Внимавајте на интонацијата додека зборувате. Монотониот глас или пак повишениот остава впечаток на несигурна личност.
– Вклучете се во разговорот уште на почетокот. Потенцијалните вработени, кои имаат што да кажат уште на почетокот се подобро оценети од оние кои го чекаат крајот на интервјуто.
– Престанете беспотребно да се извинувате.
– Држете ги емоциите секогаш под контрола. Ако во одреден случај заплачете или се развикате ќе изгледате како незрели.
– Имајте на ум дека во моментот сте незаменливи. Иако штотуку пристигнавте во фирмата, вашиот шеф ќе го чини и време и пари да бара друг вработен.
– Ракувајте се црвсто. Слабото ракување остава впечаток на слаба несигурна личност без ентузијазам.
– Никогаш не приговарајте ако немате решение на проблемот.
– Немојте да ги поткажувате колегите. Ако видите дека се одвива нешто нелегално во ред е да изреагирате, но за ситни работи подобро прегризeте си го јазикот.
– На било каква шега немојте да се кикотите, тоа изгледа детинесто. Покажете смисла за хумор и смејте се соодветно.