Како да започнете бизнис од дома без да ја напуштите работата?

До само пред неколку децении, старт ап бизнисите биле негувани во гаражите и визбите со помош на молив, хартија и калкулатор.

Ерата на интернетот со себе донесе бесплатни и достапни алатки за сите оние кои се надеваат дека ќе го лансираат својот бизнис дома. Според истражување од 2012 година спроведено од „Small business trends“, скоро 70% од малите старт ап фирми започнале дома или во гаражата.
Ако сакате да започните бизнис додека се`уште работите работа со полно работно време, не се колебајте. Ви нудиме неколку најдобри старт ап бизниси кои можете да ги започнете дома.
Занаетчиство 
Не постои подобра маркетинг платформа од онаа за занаетчиство и за правење на рачно изработен мебел од дрво, рачно изработен накит или нешто слично. Денес побарувачката на овој пазар е огромна, иако конкуренцијата е голема, сепак ќе можете да го пронајдете вашето место.

Услуги поврзани со технологијата
Размислете за компјутерските вештини кои ги поседувате, од веб дизајн до основно програмирање, и размислете колку вашата експертиза може да стане профитабилен бизнис. Ако имате вештини за графички дизајн или програмирање, можете да ги искористите за проекти кои би ги работеле навечер и за време на викендите.
Страните како Craiglist, elance.com и Behance се одлични места на кои можете да пронајдете луѓе кои бараат квалификувани дизајнери и технофили.
Уредување и пишување
Светот на „freelance“ писателите од ден на ден се` повеќе и повеќе расте со износот на содржини со кои располага интернетот. За оние со уредувачки вештини и дух, можат да пронајдат работа со лекторирање или хонорарно пишување на различни теми на забавни или политички блогови.
Медиумските компании и разни агенции секогаш се во потрага по нови таленти кои можат да помогнат со убава и уникатна содржина.

Инженеринг на звук
Ако сте „аудиофил“ со убав слух за производство, тогаш скоро сите бендови сакаат некој да им произведува демо снимки или други звучни пакети.
Софтверот за миксање на звук може да се купи за релативно поволна цена со што можете да создадете сеопфатен компјутер „студио“ во вашата гаража. Можете да рекламирате онлајн и да резервирате бендови за да снимате демо снимки додека работите на звукот.