Како да стекнете лидерски успех?

Како луѓе имаме навика да ги комплицираме работите во животот, а кога станува збор за дефинирањето на успешното лидерство, тогаш уште повеќе комплицираме.
Најголемиот дел од тој лидерски успех доаѓа од здравиот разум, но за жал тоа не е вообичаена практика.
Сепак, лидерството и не е така комплицирано. Ако сакате да го доживеете, едноставно следете ги следните чекори…
1. Не постојат кратки патишта – Лидерството е тешка и напорна работа и поголемиот дел од него се стекнува на работа. Формалното образование и тековниот развој се суштинските делови од развивањето на вашата лидерска компетенција, но немојте да мислите дека не можете да се трансформирате себеси во одличен лидер преку читање книги или одреден курс. Одличните лидери се градат со самото тоа што се во игра.
2. Одличните лидери започнуваат како одлични следбеници – Повеќето успешни лидери биле успешни следбеници. Тие научиле како да бидат дел од тимот, ги ставиле потребите на другите пред нивните, и работеле кон поголема цел. Научете да бидете одличен следбеник и ќе научите да бидете и прекрасен лидер.

3. Не постои мистериозна тајна која ќе ве доведе до лидерство
 – Спротивно од насловите на популарните книги за лидерство, не постои мистериозна тајна која ќе ви го отклучи лидерскиот успех (видете чекор број 1). Сите тие книги нудат вреден увид во врска со различните аспекти на лидерството, но повеќето од нив ви кажуваат она што веќе го знаете, а тоа е…

4. Веќе знаете што треба за да се биде добар лидер –
 Уште во градинка научивме што е потребно за да се биде добар лидер. Бидете добри. Играјте добро со другите. Речете „те молам“ и „благодарам“. Имајте желба да им помогнете на другите.

5. Разликата меѓу менаџмент и лидерство е преценета 
– Илијадници книги и блогови дебатираат за разликите меѓу овие два концепти. Да, секој концепт има различни и уникатни карактеристики, и да секоја од нив значително се преклопува во практиката на лидерството и менаџментот. Лидерите мора да менаџираат, а менаџерите мора да водат. Научете како да ги совладате и двете бидејќи тие се многу послични отколку што се различни.

6. Лидерите не се посебни
 – Лидерите не се повеќе посебни од поединечните соработници и запомнете дека на секој му е потребен успешен тим. Доколку го гледате лидерството како услуга, тогаш вашите членови од тимот ви се поважни од себе. Покажете го вашето его и ќе тргнете на патот кон успехот.

7. Лидерството е повеќе за тоа кои сте отколку што правите
 – Ова е веројатно најважната вистина која ќе ја научите во текот на вашата кариера. Лидерството е повеќе за тоа кои сте, кои се вашите верувања, вредности, ставови – и токму вашите акции се видлива манифестација од тие внатрешни идеи. Доколку сакате да бидете успешен лидер, вашиот примарен фокус треба да биде на својата внатрешна работа.