Луѓе кои доживеале огромен неуспех пред да станат успешни

Доколку не успеете после првиот пат, немојте да се откажувате и обидете се повторно. Погледнете кои луѓе не успеале при првиот обид, меѓутоа каде се денес во светот.

Image result for steven spielberg

1. Животот на Вил Смит се променил кога тој должел 2.8 милиони долари такса во 80-те.
Во 1990 година тој потпишал договор со NBC и го создаде „Тhe Fresh Prince of Bel-Air“.
2. Винсент ван Гог продал само една слика од неговите 900 во текот на целиот негов живот.
Денес, тој се смета за еден од најдобрите уметници. Исто така, тој отстранил само дел од неговото уво, а не цело уво.
3. Лејди Гага била одбиена од голема компанија за музика после само три месеци договор.
Во 2013 година, таа продаде над 125 милиони песни.
4. Сидни Поатје бил брутално одбиен од Американскиот  театар поради неговиот Бахамски акцент и потешкотиите во читањето.
Тој станал мијач на садови додека практикувал друг акцент и додека читал. Шест месеци подоцна, тој бил прифатен од страна на театарот и стана првиот црнец што освоил Оскар.
5. Соништата на Мишел Јео за балерина биле уништени поради повреда на ‘рбетот.
Таа продолжи понатаму, глумејќи Бонд девојка во „Tomorrow never dies“ и беше номинирана за БАФТА награда за нејзината улога во филмот „Crouching Tiger, Hidden Dragon“.
6. Стивен Спилберг бил одбиен од Универзитетот во Јужна Калифорнија, и тоа не еднаш туку два пати.
Во 1994 година во овој универзитет доби почесна диплома и му посвети зграда благодарение на неговите донации.

7. Емили Дикинсон во текот на нејзиниот живот објавила само неколку поеми од вкупно 1.800.
Наводно Емили била затворена во поголемиот дел од нејзиниот живот. Нејзините дела биле објавени постхумно.

8. Уште како ученик во прва година, Мајкл Џордан бил одбиен од училишниот кошаркарски тим.
Но денес, тој буквално е најпознатиот кошаркар на сите времиња.
9. Лиса Кудроу требало да ја глуми Роз во „Fraiser“, меѓутоа по кратко време била одбиена.
Подоцна, таа успеа да стане дел од „Friends“, најпопуларната сит-ком серија на сите времиња.
10. Првата детска книга на Д-р Сјус „And to Think That I Saw It on Mulberry Street“, била одбиена од страна на 27 издавачи.
Во текот на неговиот живот, тој објавил повеќе од 60 книги.
11. Анг Ли не успеа да го положи приемниот испит на Тајван колеџот два пати.
Наместо овој колеџ, тој избрал три годишен колеџ за уметност и станал режисер. Всушност, Ли има освоено два Оскари, три БАФТА награди, три Златни Глобуси и уште многу други награди.
12. На 18 години Фрида Кало доживеала сообраќајна несреќа поради која таа морала да направи 30 операции, а која и предизвикала да не може да има деца.
Таа се посветила на уметноста, создавајќи над 200 неверојатни уметнички дела.
13. Бруно Марс постојано бил одбиван од некој музички извршен директор бидејќи не бил белец.
Според Бруно, директорот сакал песната „Nothin’ on you“ да ја пее белец, а не Марс. Бруно Марс пееше на овогодинешниот Супербоул. Веројатно овој директор се чувствува навистина глупаво.

14. Винстон Черчил ја изгубил неговата прва кампања за во Парламент.
Наречен „британскиот булдог“, кога станал премиер тој помогнал во победата на Сојузниците во Втората Светска војна.
15. Вера Ванг не успеала да стане дел од олимпискиот американски тим за лизгање.
Таа се откажала од лизгањето на 19 години и започнала кариера во модната индустрија. Денес, таа е главна фигура во модата, а нејзината „мала“ империја се проценува над 1 милијарда долари.

16. Опра Винфри бил отпуштена од WJZ телевизијата бидејќи била премногу „емоционално приврзана“ со приказните што ги објавувала.
Опра не би била ништо денес без нејзините емоции, а во 2013 година нејзиното богатство било проценето над 2.9 милијарда долари.