Како да ја задржите мотивацијата и да ги постигнете целите?

За да ги реализирате своите цели мора да се трудите постојано бидејќи не постои успех кој се добива преку ноќ. Напорната работа дава резултати, а за тоа е потребна мотивација. Колку и да сме свесни за ова, повторно успеваме да се деконцентрираме за време на најбитните задачи и да станеме мрзеливи пред најтешкиот испит.
Мотивацијата не е долготрајна и затоа на неа мора да се работи секојдневно. „Едукација“ пишуваат за неколку совети од експертите за создавање рутина за задржување на мотивацијата.

Зацртување јасни цели 

Многу е битно да знаете во која насока се движите, односно да ги знаете најважните цели. Ова треба да биде вашиот компас, без разлика дали се работи за дополнителна заработка, учење странски јазик или завршување на студиите.
Замислете се себе си година дена во иднината и одговорете на прашањата: Каде сакате да бидете? Што сакате да правите? Во какво друштво сакате да бидете? Што сакате да ве врзува со тие луѓе? Како сакате тие да ве гледаат? Кое е тоа големо постигнување кое ќе ви го овозможи тоа?

Наведете го корисното што ќе го добиете со постигнување на целта

Кога сте одредиле која е вашата најважна цел, треба да се запрашате што ќе добиете со постигнување на таа цел. Зошто сакате да го постигнете тоа? Бидете темелни во одговорот. Некои одговори нема да бидат очигледни, но не се откажувајте. Ќе ги пронајдете.

Related imageУтринска мотивација 

Денот се познава по утрото. Поради тоа, многу е важно тоа време да го поминувате добро. Утрата со одложени аларми ќе ве направат нервозни. Истражувањата покажале дека луѓето кои стануваат рано се поуспешни.
За да создадете навика за станување, алармот поставете го 10 минути порано од обично. За тие 10 минути потсетете се на целта поради која станувате. Замислете како ќе изгледа моментот на остварување на целта.

Вечерна мотивација

Пред да заспиете, потсетете се уште еднаш на важната цел и сe што ќе ви донесе таа, исто како и наутро. Освен тоа, погледнете каков ви бил денот. Дали сте постигнале чекор кон остварување на целта?