Финансиски најисплатливи професии во светот

На сите матуранти им се намалува времето за избор на идна професија. Изборот зависи, пред се од желбата и љубовта на ученикот, но секако и од  финансиската исплатливост. Според едно истражување извршено во Британија ова се економски најисплатливите професии, кои гарантираат одлична плата цел живот.

Медицина и стоматологија
Студентите по медицина и стоматологија не поминуваат залудно толку години во образование и пракса. Докторите и стоматолозите се ценети насекаде во светот, платата која ја зема скоро секој доктор кореспондира со вредноста на нивната диплома. Нивната годишна плата се движи околу 41 624 фунти годишно.
Аркитектура
Потребное да поминат повеќе години во учење и пракса, но потоа се ќе им се исплати. Архитектите одлично заработуваат, по околу 30 700 фунти годишно.
Инжинерство
Во главно дипломите по општо инжинерство се најфлексибилни насекаде во светот. Им дозволуваат на студентите подоцна да магистрираат и докторираат што сакаат. Во просек нивната годишна плата изнесува 39 528 фунти.
Културолошки студии по јужно-азиска култура
Со оглед на брзиот развој на бизнисот во Индија и другите јужно-азиски земји, доброто познавање на јужно азиските јазици и култури со себе носи голем финансиски бенефит. Овие професионалци годишни заработуваат околу 39 516 фунти.
Оперативно истражување
Оперативното истражува подразбира употреба на напредни аналитички вештини за да се подобри процесот на донесување на одлуки. Овие професионалци просечно заработуваат по 36 540 фунти.
Студии по јапонска култура
Изучувањето на јапонскиот јазик според многу истражувања е прогласено за економски наисплатливо изучување на некој јазик. Студентите кои се одлучуваат за проучување на јапонскиот јазик и јапонската култура имаат добро платена работа во текот на целиот живот. Нивната просечна плата изнесува 36 473 фунти.