Секојдневни навики кои ме доведоа до успех на 24 години

Мора да ја платиш цената ако сакаш да бидеш лидер. Цената е дисциплина. Ниту еден лидер не може да постигне успех без одреденo ниво на дисциплина. Дисциплинираната личност е подготвена и способна да се откаже од краткорочните задоволства за да постигне долгорочна добивка.
Се разбира, да станеш дисциплиниран мора да имаш секојдневни навики. Само дисциплинираните луѓе со навики можат да го променат сопствениот живот.
Навиките можат да го променат правецот на нашите животи. Додека некои луѓе имаат бедни навики, како озборување, други имаат моќни, како фалење на другите. Без разлика од каде доаѓате или кои сте, навиките можат или да ве формираат како човек, или да ве уништат.
Ви ги претставувам моите навики кои ме направија милионер.

Related image

1. Учење

Најпрво, никогаш не треба денот да ви помине без нешто да научите. Учењето може да се случи во сите форми. Лично, учам секој ден минимум три часа. Ова вклучува: читање на речникот, читање книги, гледање видеа, преглед и реплицирање на коментарите итн.

2. Поставување на цели

Секој ден, треба да си поставувате цели. Да речеме дека имате цел да живеете раскошен начин на живот во следните 10 години. Ако навистина сакате да ја реализирате целта, тогаш создадете идеи кои ќе одговараат со оваа цел.

3. Планирање

Можете да поставите бескрајни цели, но потребни ви се планови за да ги реализирате. Ако ви е потребно да ги намалите тие 10 годишни цели во години, месеци, недели и денови, направете го тоа. Откако ќе ги намалите на помали делови ќе мора да откриете чекори со кои ќе ги постигнете овие резултати, a и ќе пронајдете начин да бидете одговорни.

Image result for planning

4. Вмрежување

Во новиот милениум имаме толку многу нови начини да останеме поврзани. За ефикасно да бидете поврзани треба да бидете производител, а не потрошувач. Немојте да чекате меилови или телефонски повици. Наместо тоа, направете напор и допрете до другите. Сфатете дека вмрежувањето е секојдневна навика.

5. Пишување дневник

На секој му е потребно време да размислува. За да размислува ефеикасно, треба да се води дневник кој ќе ви овозможи да се одразите на денот и да размислите за сериозни прашања. Дополнително на тоа, ќе имате можност да ги чувате на едно место приказните, идеите, шегите, часовите, цитатите, успесите и неуспесите.

6. Вежбање

За да бидете успешни во животот, вашето тело мора да е на највисоко ниво. Вашиот ум постојано го прашува вашето тело да ги направи неочекуваните работи, па затоа треба да бидете подготвени. Најдобриот начин да го подготвите вашето тело е да бидете способни да управувате низ океаните на успехот.

7. Релаксирање

Само моќните луѓе знаат како да се одморат. После се`, тоа е она што си го овозможуваат додека се на моќ. Некои луѓе стануваат толку тензични со текот на времето што избувнуваат. Кога ќе бидете премногу под стрес, тогаш губите и концентрација и контрола. Една личност која не учи како да се релаксира, завршува трошејќи го времето кое би можел/а да го заштеди.

Image result for reading book

8. Потврдување

Секој ден добиваме шанса да зборуваме со самите себеси. Просечниот човек зборува со себеси најмалку 12.000 пати на ден. Разликата помеѓу успешната личност и неуспешната е она што си го кажуваат самите.

9. Усовршување на вештините

Секој ден, мора да работите на вашите вештини. Секој од нас природно е надарен за некаков талент кој мора да биде вежбан секојдневно. Ако не го користите, ќе го изгубите. За усовршување потребни се години, но ако имате волја да бидете најдобри во она што го работите, нема да имате голема конкуренција.

10. Организирање

Успешните луѓе научиле да ги организират вистинските односи во нивните животи. Ова значи дека тие ги негуваат најблиските луѓе и нивната ментална, духовна и емоционална страна. Сепак, организирањето не се формира без напор. Потребно е време за внимателно да ги изберете вистинските луѓе.