6 причини зошто победниците продолжуваат да победуваат

Сите познаваме луѓе кои секогаш се најдобри во се’ а не се трудат како и останатите. Има повеќе причини за тоа, но овие шест се издвоени како најбитни во книгата „Самодоверба“ на Розбет Мос Кантер.

1. Добро расположение

Секој се чувствува добро кога победува. Позитивното расположение создава физичка енергија која не движи напред дури и кога заостануваме. Додека губитниците го користат секој изговор за да запрат, победниците продолжуваат да се борат дури и кога се оневозможени физички.

2. Поголема интеракција со останатите

Без разлика дали станува збор за најобична игра за деца или работа во канцеларија, губитниците секогаш одат дома порано. Победниците остануваат дури и повеќе од потребно и се среќаваат со повеќе луѓе. Интеракцијата ги чини луѓето да бидат посреќни и помотивирани за работа. Исто така, со повеќе разговор со останатите се стекнуваат и повеќе информации и знаења.

3. Учење

Губитниците не сакаат да зборуваат за нивните неуспеси. Од друга страна, победниците сакаат да станат уште подобри и разговараат за нивните грешки. Тие исто така прифаќаат негативни критики и учат од нив бидејќи потсвесно се сигурни дека можат да победат повторно.

4. Слобода на концентрација

Речиси сите губитници се казнуваат себеси поради нивните неуспеси и не можат да се фокусираат на следниот чекор. Од друга страна, победниците имаат помалку проблеми во главата и се концентрираат полесно.

5. Меѓусебно почитување

Победниците се однесуваат дарежливо кон другите луѓе од нивниот тим или колегите од работа. Губитниците најчесто ги обвинуваат другите за нивниот неуспех, поради тоа се оддалечуваат од останатите и се оставени сами на себе.

6. Поддршка

Позади секој голем успешен човек, седат неговите најблиски кои го поддржуваат. Мотивацијата е најбитна за постигнување на посакуваниот резултат, а победниците се поддржани од многу повеќе луѓе за разлика од губитниците.
Розбет истакнува и дека победниците некогаш знаат да бидат премногу сигурни во себе и да се откажат од работата. Тоа, секако, не е препорачливо бидејќи така само ќе се постигне обратниот ефект. Но, ова не значи и дека оние кои секогаш губат се осудени на пропаст, сепак никој не се родил со медал. Затоа, секој треба да се обиде да размислува како да е победник и еден ден, тоа и ќе го постигне.