Размислувај за твојот бизнис

Критиките се една од најмоќните маркетинг алатки кои може да се користат  за промовирамe нa вашите производи и услуги. Добар “review”(критика), кога се користи правилно, може да ви помогне да изградите доверба и да ги конвертирате овие позитивни критики во ценети клиенти. Ова е систем на четири чекори за позитивни критики.
Image result for marketing
1. Размислувајте како клиент
Секогаш треба да се ставате во позиција на клиент, размислувајте дали би биле задоволни од услугите кои таа фирма ги дава. На пример:
– Дали производот пристигна во добра состојба?
– Беше ли производот како што е опишано?
– Дали дојде производот на време?
– Дали се чувствувате ценети, задоволни што сте купиле од нив?
2. Побарајте “feedback”
Можеби звучи клише, но ако не го прашате клиентот како е задоволен од продуктот, можеби и нема да добиете одговор никогаш, а така губите потенцијално добар клиент. Значи треба да развиете стратегија за да побарате и да добиете критики. Еве некои докажани техники:
– Испраќање на автоматски е-маилови на вашите клиенти.
– Страна каде што вашите клиенти можат да ставаат критики.
– Facebook фан страна
3. Позитивни критики помагаат во бизнисот само доколку некој може да ги види
Откако ќе ги добиете позитивните критики од задоволни потрошувачи, тие мора да бидат прикажани на главните страници на вашиот сајт, или во вашиот маркетинг простор до вашите производи и услуги. Тие ќе служат за да се одговори на прашањето: “Што мислат потенцијалните клиенти и клиентите за овој производ или услуга?”
Промовирањето на вашите позитивни критики ќе ви помогне да ги изградите вашиот углед, доверба, и да го зголемите бројот на клиенти.
Се надевамe дека овој водич ќе ви биде корисен и дека вашите позитивни критики ќе ви помогнат кон подобрување на вашата репутација и продажба.