Сакате да патувате низ светот додека работите? Ова е вистинското решение за вас!

Кога 28 годишниот Крег Каплан ја напуштил неговата работа во „Groupon“, тој навистина сакал да помине некое време патувајќи и работејќи, меѓутоа наишол на неколку проблеми.
„Бев во можност да најдам подалечна работа, меѓутоа беше навистина тешко да се пронајдат пријатели со кои ќе можам да патувам“, вели тој.
„Најголемиот проблем е да се патува сам. Мислев дека ќе бидам осамен. Сакам да одам да патувам но сакам тоа да го правам со некој и на поструктуриран начин“.
Оваа ситуација го предизвикала да ја формира компнијата „Remote Year“ која на 100 работници им нуди можност да патуваат заедно на 18 различни локации во рок од една година.
„Remote Year“ се справува со логистика како маршута, сместување и активности. Ако учесниците немаат работа која им овозможува да работат надвор од канцеларијата, оваа компанија им помага да пронајдат таква. „Луѓето навистина сакаат да учествуваат во програма од ваков тип“, објаснува Каплан.
Image result for remote yearСамо три дена откако страната беше пуштена онлајн, „Remote Year“ веќе имаше примено повеќе од 3.000 барања за потенцијални кандидати, и 15 компании кои покажале интерес за ангажирање на работници кои никогаш не ги сретнале во живо.
„Моментално, имаме луѓе кои работат за нас од секаде низ светот, од Лос Анџелес, до Канада и па дури и Полска“, вели извршниот директор Грег Галант. „Некои од нив не сме ги виделе никогаш.
Ова е неверојатно голем тренд поради предизвикот и наоѓањето на вистинскиот талент, како и поради природата на работата. Половина од алатките кои ги користиме денес, не постоеја пред 5 или 10 години“, додава тој.
„Remote Year“ вели дека ќе им помогне на кандидатите да најдат работа во речеси секое поле и за секое ниво на искуство. Преку работата со компаниите и пронаоѓање на работно место за луѓе со специјализирани вештини, Каплан вели дека со тоа им се дава можност на луѓето која ќе одговара на нивната позадина и нивните вештини.
Image result for remote yearИако сето ова изгледа како одлична идеја, сепак постојат многу дупки кои треба да се пополнат, а страната на компанијата нема информации за овој амбициозен проект. Некои од најважните детали им се нејасни на кандидатите, а се чини дека и Каплан ги нема сите одговори.
На пример, колку е цената на едно патување? Каплан не може да каже, меѓутоа тврди дека минималната плата на патникот е она што е потребно за да се плати, со тоа што остануваат уште пари за трошење.
Исто така, не е јасно на кои 18 локации ќе патуваат кандидатите како и тоа кој е начинот на избирање на „најинтересните 100 луѓе“ од илјадници кандидати за ова патување. „Најпрво од се, сакам разновидност во програмата. Луѓе од различни земји, со различни позадини, образование, вештини, брачен статус“.
Related imageСега засега ова е само идеја, меѓутоа целта на Каплан е да има пет вработени со целосно работно време кои ќе се посветат на работата и ќе се грижат за овие 100 луѓе и ќе им обезбедуваат соодветен простор за работа.