Совети од Шарлот Бронте до жените во 21 век: Како да живеете подобро???

Романот на Шарлот Бронте „Џејн Ејр“ бил објавен во 1847 година. Ова е прв роман од ваков вид кој раскажува за животот на една жена, напишан од жена. Во романот се изложени јасните женски мисли и чувства. Токму поради ова Бронте се нарекува првата „историчарка на приватната свест“.
Жените научиле многу од оваа голема викторијанска хероина. Таа нуди неверојатни животни лекции и мудрости кои денешните жени треба да ги практикуваат. Ова се некои од нив:
1. Можете да го надминете вашето минато без разлика на тоа колку било лошо.
2. Вашата волја одлучува за вашата судбина.
3. Кажете му на оној што го сакате дека сакате да бидете со него.
4. Од суштинско значење е да се сакате и почитувате себеси – ова е клучот на независноста.
5. Бидете позитивна.
6. Не дозволувајте некој да ви каже дека нешто не можете да направите само затоа што сте жена.
7. Посилни сте отколку што мислите.
8. Можностите за живот се бесконечни за оние кои ризикуваат.
9. Немојте да се плашите да го изразите вашето мислење.
10. Ако одлучите да се венчате, направете го тоа само од љубов.