Сите работи пред да станат лесни биле тешки

Избери професија која ја сакаш и никогаш нема да мораш вистински да работиш.
– Мозокот е прекрасен орган, почнува да работи во моментот кога ќе се разбудите се додека не влезете во канцеларија.
– Со 8 часа посветена работа, можете да станете шеф и да работите 12 часа на ден.
– Сите работи пред да станат лесни биле тешки.
– Единствено место каде успехот доаѓа пред работата е во речник.
– Колку повеќе работам, толку поголема среќа имам.
– Нема замена за напорната работа.
– Кога работата зборува за вас, немојте да ја прекинувате.
– Работата е нужно зло, кое неможе да се одбегне.
– Менаџментот не е ништо друго освен мотивирање на другите да работат.
– Верувам дека луѓето кои работат за пари се вистински робови.
– Можностите обично се кријат во напорната работа, па затоа луѓето не ги препознаваат.
– Работата е потреба за човекот, човекот го измислил алармот.
– Животот ништо не пружа без напорна работа.
– Единствено нешто што е подобро од добрата среќа е напорната работа.