Вистинскиот социјален живот се случува офлајн!

 Сите правиме грешки низ животот и тоа е единственото заедничко нешто на сите луѓе. Но, доколку си паметен, ќе научиш што е можно повеќе од грешките на другите луѓе и ќе се поштедиш себеси од тешкотии.
Ви споделуваме неколку важни лекции за напредок и успех без да го одите потешкиот пат.
1. Животот е краток и треба да се живее. Животот е премногу краток за да го поминеме несреќни. Ако имаш работа што ја мразиш, шеф кој те омаловажува или кариера која не те води никаде, уште веднаш преземи чекори тоа да го промениш. Сигурно не сакаш да се разбудиш еден ден и да се каеш што си ја пропуштил шансата за промена.
2. Во меѓучовечките односи, малите работи всушност се големи. Најуспешните луѓе се стремат да имаат широк и шаренолик социјален круг од луѓе. И тоа не се површни познанства, туку широка мрежа на вистински врски. Развивањето на меѓучовечките односи е многу важен дел од водењето бизнис. Колку повеќе време и напори вложуваш во малите нешта, толку поважни тие стануваат.
3. Успехот поаѓа однатре. Многу успешни луѓе се концентрираат на секој аспект од нивната работа, но го запоставуваат здравјето. Убаво е да си ангажиран, продуктивен и успешен, но нужно е да бидеш здрав за да го одржуваш темпото. Имај предвид да се храниш здраво, да вежбаш и да се одмараш доволно.
4. Вистинскиот социјален живот се случува офлајн. Доколку трошиш часови седејќи на „Фејсбук“, „Твитер“, „Инстаграм“, во читање и одговарање на мејлови, пропушташ многу повеќе, отколку што стекнуваш. Да се поврзиш со светот значи поголемиот дел од времето да го поминуваш со луѓе, во реални разговори, интеракција и поврзаност.
5. Од светот направи свој универзитет. Сериозно посвети се на доживотно учење. Од секого може да се научи по нешто, па работи на секојдневно стекнување на ново знаење.
6. Добрите работи им се случуваат на тие што се отворени за различни нешта. Ако се држиш исклучиво до тоа што го знаеш, никогаш нема да научиш ништо ново. Најуспешните луѓе се флексибилни, агилни и знаат како да напредуваат. Биди сигурен дека си подготвен да го извлечеш максимумот од секоја прилика, независно во која форма ти доаѓа.
7. Успехот е растечки. Да успееш преку ноќ е вистинска реткост. На повеќето луѓе им требаат години, па и децении за да изградат успешна кариера. Тајната е во посветената секојдневна работа и во свеста дека дури и малите победи можат драстично да ти го променат животот. Со текот на времето, ќе сфатиш дека постигнуваш сè поголеми цели.
8. Заедништвото секогаш е подобра опција. Многу луѓе сами би се впуштиле во животната трка, без да имаат предвид дека успехот е колективен спорт. Идејата дека сам можеш да постигнеш успех е мит. Секоја голема идеја заслужува тим што ќе ја оствари.
9. Тоа што те загрижува, владее со тебе. Грижата може да ти помогне исклучиво кога е насочена кон преземање дејство за разрешување на некој решлив проблем. Но доколку грижата те опседнува, тогаш таа ти станува проблем. Наместо да се грижиш, работи на разрешување на проблемите и извлекување од предизвиците.
10. Неуспехот не е фатален. Сакале или не, некогаш работите одат наопаку на патот кон успехот. Неуспехот не значи крај, туку поправна можност. Победата ја извлекуваат тие кои не успеале а се доволно храбри да се обидат повторно.
11. Не им дозволувај на глупавите нешта да ти се испречат на патот на среќата. Среќата е избор, исто и начинот на живот. Независно од ситуацијата, не дозволувај ништо да те одвои од чувството на радост.
12. Поентата на животот е да ги откриеш своите дарби и да сфатиш дека успешноста лежи во нивното артикулирање. Ако работата што ја работиш не те прави да се чувствуваш корисен, значи дека сè уште треба да го бараш својот повик. Кога ќе го најдеш, ќе умееш да се исполниш со радост. Целта на животот е да ја откриеш својата дарба, а животот добива значење кога ќе ја споделиш.