Кои се правилата на социјалните мрежи?

Како човек завршува следејќи ги непишаните правила на бон тон на социјалните медиуми?
Ова вклучува доста гледање, чекање, експериментирање и тони обиди и грешки. Кога човек започнува да се приклучува на социјалните мрежи, ги знае само основните правила и интуиции. Дури и сега, поголемиот дел од нас учат нови работи и правила.
Тешко е да се знае кои правила постојат, кои се вистински, а кои се во ред да се прекршат или следат. За да ве „просветлиме“, ви нудиме неколку од нив.

За сите социјални мрежи

1. Споделувајте неколку пати дневно, меѓутоа оставајте простор од неколку часа помеѓу вашите постови.
2. Одговарајте на сите коментари колку што можете побрзо.
3. Запознајте ја уметноста на хаштагот: 1 хаштаг е во ред; 10 не.
4. Секогаш одржувајте го правилото 80/20. Најпрво забавувајте ја и информирајте ја публиката, а потоа продавајте им.
5. Користете прво лице множина кога зборувате за брендот на вашата компанија.
6. Немојте да испраќате автоматска директна порака до луѓето кои ве следат.
7. Не ги користете сите 140 карактери. Дајте им место на луѓето да ви дадат одговор.
8. Не го користете хаштагот на друга компанија.
9. Не купувајте следбеници.

Image result for facebook

10. Не си го лајкнувате сопствениот пост/статус
11. Не постирајте или не тагнувајте фотографии од фанови, клиенти или вработени  без дозвола.
12. Не барајте лајкови, коментари или споделувања.

Image result for linked in

13. Персонализирајте го вашето барање за поврзување. Кажете зошто сакате да се поврзите со таа личност.
14. Откако ќе се поврзите, испратете им порака за добредојде.
15. Не се приклучувајте во групи само за да се продадете себеси.
16. Не го игнорирајте професионалниот тон на оваа мрежа.

Image result for google+

17. Секогаш спомнете ги корисниците кога коментирате на нивните постови.
18. Кога споделувате постови, секогаш дајте ваш коментар.
19. Споделувајте во Circles за да ја таргетирате вашата содржина.
20. Користете Google+ форматирање на текстот – зацрнето, закосено итн.

Related image

21. Не ги запоставувајте описите на вашите пинови.
22. Секогаш ставајте линк до оригиналниот извор.
23. Не го „пинувајте“ само вашиот материјал.

Related image

24. Не ги малтретријате луѓето да ги користат или следат хаштаговите како #tagsforlikes – сосема непрофесионално е.
25. Немојте да претерате со фотографии. Никој не сака homepage-от да им е преполн со еден корисник.
26. Користете хаштагови соодветни за вашиот бренд.