Сите непишани закони за среќа

Бегате од одговорностите и барате виновник? Нема ништо да решите. Храбро соочете се со проблемите, престанете да се сожалувате самите себеси, да глумите жртва или да измислувате изговори.
Вашиот живот е во ваши раце, па затоа научете да ја преземете одговорноста за успесите и неуспесите, вистинските и погрешните одлуки, добриот или лош избор на партнер или пријатели. Во вашиот живот вие ја имате главната улога како и одговорноста за се што имате постигнато или пак пропуштено.
Ако не сте задоволни со животот, немојте да се извлекувате, да бегате од одговорностите и да барате виновник во другите. Така нема да ги решите проблемите, туку само ќе ги скриете под тепих. Храбро соочете се со проблемите и преземете одговорност за сите подрачја во вашиот живот.
Исто така, ако не уживате во работата која ја работите, вие самите сте одговорни за тоа. Ако не сте среќни во љубовната врска или во друштвото, за тоа сте вие одговорни бидејќи вие и само вие го креирате вашиот живот и управувате со сите животни ситуации и емоции кои произлегуваат од нив. Доколку сакате да го промените животот, првиот чекор е да престанете да се сожалувате, да глумите жртва и да измислувате изговори и оправдувања за пропустите бидејќи тоа не е победничка стратегија која води кон среќен живот.

Image result for happinessЗа животен успех треба да се биде посветен и енергичен

И оние кои мислат дека се постојани губитници, доколку се потрудат, можат да добијат се што сакаат. Темелот на победничката стратегија е добро разбирање на правилата на животната игра. Тие правила често се менуваат, па затоа прилагодувајте се на промените. За остварување на животната стратегија важна е посветеноста и енергијата. Ако немате стратегија, нема да ја остварите целта.

Секој е одговорен за своите успеси и неуспеси

Научете да преземете одговорност за вашите постапки бидејќи секој избор што ќе го направите и секоја одлука што ќе ја донесете имаат последици. Кога избирате модел на однесување и начин на размислување, сте ги избрале и резултатите и последиците.
Доколку изберете да останете со партнер кој не го сакате, или во друштво кое не ви одговара, тогаш вие сте избрале болка и патење. Изберете го правилниот модел на однесување и здравиот начин на размислување бидејќи само така вашиот резултат ќе биде позитивен.

Додека ги чекате големите работи, уживајте во ситниците

Не дозволувајте со вашето однесување да управуваат стравот и отфрленоста, но немојте да го храните егото со нездраво чувство на сопствена големина. Анализирајте го и вашето, но и туѓото однесување. Не чекајте големи признанија, туку прифаќајте ги и малите гестови кои ве прават среќни.

Image result for happy peopleСоочете се со вашите грешки и маани

Мааните и лошите животни потези нема да можете да ги промените додека не ги откриете и искрено ги признаете. Иако е тешко да се признаат сопствените грешки, стиснете ги забите и што поскоро соочете се со вистината. Реално согледајте што во вашиот живот не функционира.
Наместо да измислувате оправдувања, започнете да остварувате конкретни резултати. Животот никогаш не е толку лош па да не може да се поправи и никогаш не е доцна да го подобрите.

Со акција до целта и до остварување на сонот

Не се оценувајте себеси и другите според намерите и празните ветувања туку оценувајте според конкретни резултати. Сакате да го промените животот? Претворете ги мислите и идеите во реалност, како и во конструктивна акција.
Во животот среќата е вредна за ризик па затоа немојте да се откажувате и да ги „продадете“ вашите соништа бидејќи соништата никогаш не излегуваат од мода и немаат рок на траење.

Променете го вашиот поглед кон светот

Секој човек светот го гледа низ сопствениот филтер кој влијае на толкување на случувањата. Филтрите низ кои го набљудувате светот се направени од вашите верувања и размислувања. Не ги земајте здраво за готово, туку привремено „истресете ги“ – така ќе ги освежите вашите погледи кон светот.

Преземете контрола

Дадете го вашиот максимум во што и да работите. Дотерајте се, подобрете ја вашата само контрола, научете да управувате со вашите чувства, изградете подобри односи со пријателите и победете ги стравовите.
Постојана цел нека биде вашиот успех, но не заборавајте да воспоставите рамнотежа помеѓу можноста и очекувањата. Чувајте се од нереално високи стандарди, но знајте дека ако не барате од себе многу, вашиот живот ќе има ниски квалитети.

Image result for gratitudeКолку давате толку и добивате

Луѓето кон вас се однесуваат онака како што вие ги учите – со почит или потценувачки. Доколку повеќето односи се лоши, преиспитајте се дали со некои ваши постапки сте предизвикале такво однесување или пак со молчење сте дозволиле. Немојте да се жалите, туку обликувајте го вашето однесување на другите кон вас. Бидете цврсти и силни и покажете им на луѓето што можат, а што не.

Силата е во простувањето

Негативните емоции ќе ја уништат секоја пријателска или љубовна врска и ќе остават траги. За да ја победите негативноста во односите, научете да простувате. Тоа ќе ве ослободи од синџирите на омразата, лутината и огорченоста. Простувањето позитивно ќе влијае врз вас.

Трпеливо дочекајте ја вашата можност

Откријте што точно сакате од вашиот живот и прецизно изработете ја целта за вашите одлуки соодветно да ги насочите кон таа цел. Така ќе можете да препознаете што ви оди во прилог и ќе знаете кога одите кон целта, а кога сте скршнале од патот.
Бидете одлучни и храбри и обидете се да успеете да го дофатите она што го сакате бидејќи ако ја пропуштите животната прилика, некој друг ќе ја искористи.