Стив Џобс и неговите 5 правила за успех

Влијанието на Стив Џобс врз нашиот живот не може да се потцени. Неговите иновации имаат допрено скоро во секој аспект од нашето секојдневие – компјутери, филмови, музика и мобилни телефони. Една од најбитните работи на кои тој не научи е дека преку добра презентација својот сон може да стане инспирација на многу луѓе.
Image result for steve jobsВо прилог се збир на принципи преку кои Џобс го постигнал својот успех:

1. Прави го она што го сакаш

“Луѓето со страст можат да го променат светот на подобро”. Кога му било поставено прашање каков совет би им дал на идните претприемачи, тој одговорил – “Би ја работел било која работа се додека не дознаам за што чувствувам страст”.
  • Принцип кој секогаш треба да го практикувате во секој аспект од вашиот живот!

2. Остави трагa во универзумот

Џобс верувал во својата визија. “Дали сакаш да го потрошиш животот продавајќи шеќер или сакаш да го промениш светот?” е прашањето со кое го убедил тогашниот претседател на Пепси, Џон Скали да се приклучи на неговиот тим.
  • Секогаш верувајте во својата визија!

Related image3. Поврзувај ги работите

Креативноста е резултат на поврзување на нештата. Луѓето со широк опсег на животни искуства често можат да ги согледаат работите што другите ги пропуштаат. Џобс посетувал часови за декоративно пишување кое немало никаква практична употреба во неговиот живот, се додека не дошло време да го направи познатиот компјутер Macintosh. Често патувал во Индија и Азија и изучувал многу работи кои не биле во неговата сфера, но секогаш наоѓал начин преку нив да ја зголеми својата креативност.
  • Напуштете ја својата комфорна зона. Поврзувајте идеи од различни полиња.

4. Кажи не на 1,000 работи

Џобс бил горд на многу работи кои ги има направено со Епл, но исто така и на многу работи кои одбил да ги направи. Кога се вратил во Епл во 1997 година, превзел компанија со понуда од 350 производи, но Џобс верувал дека тоа е погрешен пристап и понудата ја намалил на 10 производи. Зошто? Затоа што на тој начин ги ставил најдобрите луѓе да работат на секој производ што резултирало со квалитет.
  • На кои работи сте спремни да им речете НЕ во вашиот живот?

5. Пренеси ја пораката

Можете да ја имате најдобрата идеја на светот, но доколку не знаете како да ја презентирате пред светот, ќе остане само идеја. Џобс верувал во моќта на квалитетна презентација, наместо едноставно да ја направи презентацијата како што и повеќето луѓе го прават тоа, тој смислил начин да: информира, образува, инспирира и забавува и сето тоа преку една презентација.
  • Пронајдете ефективен начин за да ја продадете вашата идеја на светот.