Што паметните луѓе често си велат себеси?

Многубројни препреки во текот на животот не` спречуваат и ни ја одземаат силата и спокојот за нови предизвици. Ова се неколку работи кои треба постојано да си ги повторувате кога ви се чини дека не можете да успеете, затоа што ова се речениците кои постојано си ги изговараат најуспешните.

Related image

1. „Не можам да го контролирам сето она што ми се случува, туку можам да го контролирам начинот на кој реагирам на она што се случува. Мојата реакција е мојата моќ“.
2. „Нема да се грижам за она што би можело да се случи и што би требало да биде. Наместо тоа, ќе барам моќ и можност во она што се случува токму сега“.
3. „Морам да прифатам се` што ми се случува и единствена важна работа е тоа да го прифатам најдобро што можам“.
4. „Секогаш е подобро човек да згреши отколку да глуми совршенство“.
5. „Никогаш нема да бидам толку добар/добра како што сите ми зборуваат кога победувам, ниту ќе бидам толку лош/лоша како што мислам за себеси кога губам“.
6. „Помалку ќе мислам за решавање на моите проблеми, а повеќе за обликување на мојот начин на размислување. Ќе останам позитивен/позитивна“.
7. „Предизвикот станува само препрека ако му се посветам“.
8. „Ќе се опоравам после секој неуспех. Колку побрзо се опоравам од неуспехот, толку побрзо ќе дојдам до целта која сакам да ја реализирам во животот“.