Што треба да престанете да правите за да бидете поуспешни?

Луѓето честопати се однесуваат како хрчаци на тркало, работат постојано од навика без да размислат за начините со кои може нешто да постигнете поефикасно.

Ние правиме нешта кои не се добри за нас, остануваме кадешто не треба да се наоѓаме и страдаме за подоцна да имаме задоволство. Не знаеме дека овие работи се штетни бидејќи изгледаат нормално за нас. Следните работи треба да престанете да ги правите уште денес, пред да стане доцна.
Престанете да се откажувате. 
Велат дека токму во моментот кога сакате да се откажете се наоѓате речиси на крајот. Помислете на нешто во кое сте се откажувале. Сте започнале да го правите тоа, но потоа одеднаш сте се откажале бидејќи Ви било потребно уште малку повеќе за да ја постигнете целта. Во ваквите моменти потсетете се на моментот кога сте започнале. Зошто застанавте на овој пат. Дали Вие од минатото би сакале да ја видите целта готова или незавршена?
Престанете да оставате работи за утре.
Навистина треба да престанете да го правите ова. Одложувањето значи дека се плашите да го започнете или го сакате поради погрешни причини. Но, секој ден кога го одложувате почетокот е уште еден ден во кој не си помагате себеси.
Престанете да бидете жртвата. 
Сигурно некогаш сте рекле дека правите нешто или одбирате нешто бидејќи немате друг избор. Впрочем, имате избор во се’ што правите. Освен во одредени ретки исклучоци, никој не Ве принудува да правите нешто што лошо ќе влијае на Вашата иднина. Доколку одбирате да останете на место кое делува негативно на Вас, тогаш самите правите да бидете жртвата.
Престанете да велите „да“. 
Секојпат кога кажуваме „да“ на нешто, велиме „не“ на нешто друго. Кога велите „да“ за гледање бесполезно ТВ-шоу велите „не“ на завршување на битна обврска. Честопати кажуваме „да“ на нештата за кои воопшто не се грижите додека истовремено кажувате „не“ на нешта кои може да Ви го подобрат животот.
Престанете да очекувате. 
Можеби очекувате промоција бидејќи сте се покажале како најдобри, но тоа не значи дека Вашиот претпоставен го дели истото мислење или дека е подготвен за тоа. Не очекувајте од претпоставените да ги читаат Вашите мисли. Тие ќе знаат дека Ви треба нешто само кога ќе го побарате тоа од нив. Доколку нешто навистина сакате мора да бидете јасни и гласни.