Десет тајни за успешни лидери

Image result for leader

“Добар лидер инспирира луѓе да веруваат во него, добар лидер инспирира луѓе да веруваат во себе”. Но да се стане добар лидер не е лесно. Успешно маневрирање на тимот во лоши и добри денови претставува еден од најголемите предизвици за сопственик на мал бизнис.

Лидерството е тема која претприемачите најчесто заборават да ја земат во превид. Работите да го развиете производот и услугата, да ги решите финансиските проблеми, да го промовирате производот но многу ретко размислувате за вработените внатре во фирмата.

Во прилог се топ десет тајни за успешен претприемач:

1. Создадете посветен тим

Добра идеја не е доволна, потребни се луѓе кои ќе знаат таа идеја да ја претворат во концепт кој потоа треба да биде развиен вo производ.

2. Комуникација

И покрај тоа што во малите фирми некогаш има и помалку од 10 вработени, некогаш е тешко да се открие кој што работи. Затоа треба да постои комуникација како помеѓу вработените така и помеѓу вработените и сопственикот.

3. Немојте да правите претпоставки

Кога сте сопственик на мал бизнис претпоставувате дека секој ги разбира вашите цели и мисија. Но вработените постојано треба да бидат потсетувани на што цели компанијата и како до стигне до таму.

Претприемачите ја имаат визијата, енергијата, и мислат дека секој во фирмата ги дели истите. Но најчесто не е така. Треба да ги внесете вработените во вашиот свет и проактивно да комуницирате со нив.

4. Бидете автентични

Секој бизнис е различен, и секој претприемач е различен исто така. Ако бидете автентични ќе привлечете прави луѓе кај вас- вработени и потрошувачи.

5. Признајте си ги пречките

Будалесто е да мислите дека ако имате страст и енергија да го водите бизнисот ќе може да успеете во се. Треба да се вратите еден чекор поназад и да видите што се вашите пречки за планот да ви биде успешен.

6. Креирајте дијаграм

Важно е да се точни целите што тимот треба да направи, што е важно и како да дојде до саканиот резултат. Битно е да се потенцира и тимската работа како предуслов за успешна координација.

7. Верувајте во своите вработени

Лидерите треба да им помогнат на своите вработи да имаат самодоверба дури и во тешките моменти. Таа самодоверба треба да произлезе од верување во самиот тим.

8. Бидете веродостојни

Најдобрата работа што може да ја чуете е вашето име кажано од некој друг човек. И покрај тоа што секогаш мислите дека вашата идеја е најдобра, земајте ги во предвид идеите и на другите луѓе околу вас.

9. Одржувајте го тимот ангажиран

Поставувајте им постојано на своите вработени предизвици и правете така да самите добијат желба за успех и реализирање на нови.

10. Останете смирени

Лидерот треба да го стопира тимот во остварување на сите цели на краток рок. Треба да се постави долгорочен успешен план, во кој на краток рок целите дел по дел ќе бидат остварени.