9 фактори за успешен бизнис

Почетокот на сопствен бизнис е секогаш тежок, ризикот е голем, потребна е деноноќна работа и голема истрајност. Сепак постојат некои фактори за кои треба да размислите и да ги истражите пред да започнете сопствен бизнис:

1. Трговец поединец или друштво со ограничена одговорност…

Кога регистрирате фирма внимавајте многу на правната форма која ќе ја одберете. Пред се таа треба да одговара на дејноста, но морате и добро да истражувате околу данокот, и обврските. На оваа тема најдобро е да се консултирате со професионалец. Правната форма е основна и најважна работа на која треба да обрнете внимание пред да започнете бизнис. Имајте на памет; никој не го измамил законот.

2. Осознајте ја конкуренцијата

Истражувајте, пред да одберете локација за бизнисот. Видете која е конкуренцијата, кои и се слабости, а кои предности, осознајте ги своите слабости и предности и обидете се пред да започнете со работа да најдете начин слабите страни да ги претворите во силни.

3. Дефинирајте целна група

Дефинирајте ја својата целна група , а потоа истражувајте колкава е таа целна група. Секако дека своите производи и услуги ќе ги нудите на сите, но морате да дефинирате кои ќе ви бидат главните корисници.

4. Одредете си плата

Не очекувајте да имате висока плата, ќе морате да ги скратите сите луксузи, сепак морате да размислите колку ќе ви биде платата со платени придонеси и осигурување.

5. Име за бизнисот

Кога станува збор за името потребно е да се размисли добро. Тој назив ќе биде ваше обележје кое ќе ве следи постојано. Размислете дали името треба да кажува нешто за вашата работа.

6. Финансии

Размислeте од каде ќе ги најдете средствата потребни за почеток на работата; од банка, од пријатели од сопствена заштеда…

7. Најдете сметководител

Сметководителот треба да биде доверлив извор на информации и деловни совети. Сметковителите обично се клучни во добрата работа на бизнисот. Тие ќе ви помогнат да ја знаете вистинската финансиска слика на вашата фирма.

8. Направете бизнис план

Бизнис планот ќе ви даде јасна слика на состојбата, но ќе ви биде и потребен секогаш кога ќе сакате да аплицирате за кредит во банка или некои други поволности за мали бизниси кои ги нуди државата.

9. Ментор

Ако познавате некој кој веќе бил во бизнисот и кој ги знае сите закани и слабости на дејноста која сте ја избрале, побарајте го и замолете го за неговите консултантски услуги. Нема ништо подобро од искусна личност во фирмата која ќе знае да ве насочи правилно.