10 Прашања кои ги поставуваат успешните луѓе

Можеме да успееме само доколку се прашуваме себеси правилните прашања и само доколку го преформулираме нашиот начин на живеење.
Како би можеле да го направиме ова? Најдобриот начин е да ги решиме проблемите, а не да се жалиме за нив. Да дојдеме до правилните прашања и вистинските одговори.

1. Како сакам животот да биде различен бидејќи живеам во него?

– Размисли како би сакале да бидете запомнaти кога ќе ве нема. Кои се работите кои најмногу ви значат? Дали вашите животни активности ги рефлектираат овие приоритети?

2. Како сакам јас да бидам различен/а бидејќи живеам во светот?

– Кои се искуствата кои би сакале да ги имате? Направете листа. Имајте ги овие приоритети во вашиот ум бидејќи тие ќе бидат насока за понатаму.

3. Кои се работите што не ми се потребни во животот?

– Ова е слично на концептот на Лао Цу: „За да научите, додавајте нешто секој ден. За да се просветлите, секој ден нешто одземајте“. Сите од нас нешто поседуваат, без разлика дали се мисли или врски без кои ние би биле подобра личност. Можеме да си го олесниме патот доколку пронајдеме храброст да се ослободиме од некои работи.

4. Што ме прави среќен/а и насмеан/а?

– Дечињата се смеат инстинктивно и природно околу 400 пати секој ден додека кај возрасните оваа бројка е намалена на околу 15 пати. Во овие 15 пати се вклучени и нервозна смеа, саркастична смеа. Но, запрашајте се себеси кога беше последниот пат кога се насмеавте од срце?

5. Каде грешам?

– Ова е едно од најмоќните прашања во целиот универзум. Доколку се запрашуваат сите, замислете колку би постигнале и во колку подобар свет би живееле.

Image result for successful people questioning6. Дали јас сум единствениот/ата која се бори (со нешто)?

Не се грижете. Сите сме се бореле со нешто без разлика на тоа дали е мала или голема работа. Борењето значи дека живеете, затоа продолжете да се борите затоа што тоа значи дека сакате да бидете успешни во нешто.

7. Зошто сакам да вежбам?

– Некои психолози велат дека никој од нас не бил роден со талент и вештини. Нашите таленти едноставно се вештини кои сме ги развиле преку работите кои сме избрале да ги практикуваме 10.000 часа или повеќе. Затоа добро е да вежбате и да станете добри во нешто.

8. Зошто понекогаш треба да ги прекршам правилата?

– Практикувањето на ова прашање може да ни помогне да останеме во контакт со нашиот сопствен морален компас кој знае кога традиционалните правила или статус кво треба да се прекршат со цел да се направи нешто подобро.

9. Дали некого повредувам со моите постапки?

– Во животот важно е да внимавате како се однесувате со другите личности. Потребно е да бидете благодарни, да сочувствувате со нив и да помагате онаму каде што можете.

10. Бидете искрени: Дали е тоа она што навистина сакам да го правам?

– Во вашиот живот или кариера постојат поголем број достапни опции отколку што мислите. Дали сте добри во комуникација? Продажба? Дали знаете веднаш да решите проблем? Пронајдете го вашиот пат. Само на тој начин ќе бидете среќни.