Веб страни кои ќе ви помогнат да се надоградите себеси

Пред неколку децении, кога сакавме да научиме нешто ново обично тоа го правевме или на училиште/факултет или поминувавме долго време во библиотека.
Денес, светот на знаењето и личниот или професионалниот развој се буквално пред вас. Движењето за отворено учење ни даде можност да станеме попаметни во слободно време, и стана достапно буквално за секој со интернет поврзаност.
Што треба да направите? Предизвикајте се себеси, секој ден да учите нешто ново – ќе имате неверојатни придобивки и во вашата кариера, и во вашиот живот со што ќе бидете попродуктивна и посреќна личност.
За да ви помогнеме, ви нудиме интересни веб страни на кои можете да научите нешто ново.
1. Lynda – Страна на која повеќе од 4 милиони луѓе започнале да учат некаков курс.
2. Вашите омилени блогови и магазини – Издвоjте време да прочитате и да научите нешто ново.
3. CreativeLive – Зголемете ја вашата креативност со бесплатни онлајн часови.
4Hackaday – Научете нови вештини и факти.
5. MindTools – Место каде можете да научите вештини на лидер.
6. Codeacademy – Научете Java, PHP, Pyhton и многу повеќе од ова училиште за кодирање.
7EdX – Најдете илјадници масивни онлајн курсеви, вклучувајќи и курсеви за програмирање.
8. Platzi – Станете попаметни во маркетинг, кодирање и дизајн.
9Big Think – Читајте статии и гледајте видеа од експерти.
10. Craftsy – Научете забавна, нова вештина од експерти за готвење, плетење, шиење, декорирање на торти и многу повеќе.
11. Guides.co – Масивна колекција на онлајн водичи за секоја тема.
12. LitLovers – За сите оние кои се вљубени во литературата.
13Lifehacker – Прочитајте мудрости за љубовта, животот, среќата.
14. Udacity – Научете да кодирате на бесплатниот онлајн универзитет.
15. Zidbits – Претплатете се на оваа огромна колекција на забавни факти, чудни новости и статии на различна тема.
16. TED Ed – Иконскиот ТЕД бренд ви нуди одлични лекции вредни за споделување.
17. Scitable – Научете нешто за генетиката и еволуцијата.
18. ITunes U – Јеил, Харвард и други топ универзитет споделуваат подкастови на лекции.
19. Livemocha – Поврзете се со други ученици од над 190 земји за да вежбате нов јазик.
20. MIT оpen coursware – Научете нови вештини за кодирање.
21. WonderHowTo – Нови видеа кои ќе ве научат многу нешта.
22. FutureLearn – Придружете се на над 3 милиони луѓе кои се пријавуваат на курсеви за буквално секоја тема.
23. One Month – Научете нова вештина во период од еден месец со секојдневно учење.
24. Khan Academy – Една од најголемите и најдобро познатите онлајн платформи за учење.
25. Yousician – Кој рече дека кога учите ново мора да биде поврзано со работата?
26. Duolingo – Бесплатна страна за учење јазици преку игра.
27. Squareknot – Станете креативни со други креативци.
28. Highbrow – Сервис за претплата кој овозможува петминутни курсеви на вашиот меил.
29. Spreeder – Направете тест за тоа колку брзо читате.
30. Memrise – Станете попаметни и проширете го вашиот речник.
31. HTML5 Rocks – Најнови ажурирања, водичи за извори и многу други интересни работи.
32. Wikipedia’s Daily Article List – Статија која ќе ви биде доставена на меил.
33. DataMonkey – Способноста да работите со податоци е незаменлива. Научете SQL и Excel.
34. Saylor Academy – Одлични курсеви онлајн за јавно говорење.
35. Cook Smarts – Научете основно приготвување на храна и техники за готвење.
36The Happiest Project – Зошто едноставно да не сте среќни?
37. Learni.st – Курсеви со можност за премиум содржина.
38. Surface Languages – Одличен избор за она што ви е потребно за да научите нови фрази за патување.
39. Academic Earth – Топ квалитетни курсеви.
40. Make – Научете како да правите направи-сам проекти.