За сите оние кои имаат лош ден…

Ако се соочувате со лош ден, потребно е да ги запомните следните неколку работи.

1. Потребен ви е вистински став – Она на кое се фокусирате, менува се`. Не гледајте назад кога знаете дека не треба да гледате. Не се грижете за она кое не можете да го контролирате. Немојте да бидете под стрес за неважни работи. Бидете позитивни!
2. Не можете да бидете вистински среќни доколку некогаш не почувствувате тага – Ако немавме зима, пролетта немаше да биде толку убава. Просперитетот не би бил толку добредојден доколку претходно не сме почувствувале катастрофа. Чувствата, добри и лоши секогаш доаѓаат и си одат. Трикот е да бидете благодарни кога вашето расположение е одлично и грациозни тогаш кога не е.
3. Имате многу благослови кои се важни – Да, секогаш земајте ги во предвид благословите. Не постои причина зошто треба да се задоволите со најмалку. Започнете сега со тоа што искрено ќе го цените успехот во животот.
4. Доколку сакате, можете да научите нешто важно од било која ситуација – Искуството не е она што ви се случува; туку она што вие го правите со тоа што ви се случува. Сите ситуации и случувања сметајте ги како лекција која треба да се научи.
5. Најпаметно е да ја прифатите шансата на сегашниот момент – Секој момент ви овозможува нов почеток и нов крај. Бидете благодарни и започнете од онаму кадешто сте сега.
6. Не сте жртва – Имате интересен и прекрасен живот, дури и тогаш кога се соочувате со најтешки времиња. Имајте го ова на ум и живејте соодветно. Вие сте тие кои ја имаат контролата. Променете ги вашите мисли и бидете сопствен херој, а не жртва.

7. Не сте она што некогаш сте биле, туку сте она кое верувате дека можете да бидете
 – Можете да бидете она во кое верувате. Ако постојано си велите дека не сте способни да направите некоја работа, веројатно ќе завршите навистина неспособни за нејзино извршување. Спротивно на тоа, ако верувате дека можете да направите нешто, и покрај вашите борби и фрустрации, тогаш ќе станете способни.

8. Можете да одите напред
 – Дури и најмрачната ноќ на крајот ќе заврши и ќе се појави сонцето. Запомнете го тоа. Ако направите уште еден чекор, и уште еден, ќе бидете изненадени колку далеку можете да одите.
9. Најдобриот чекор да одите напред е да направите мал чекор со текот на времето – Не можете да кренете 100 килограми наеднаш. Меѓутоа лесно можете да кренете 1 килограм 1.000 пати – тоа значи дека вашите мали акции имаат голема моќ.
10. Она што другите го мислат за вашата ситуација не е важно – Доколку навистина сакате повторно да бидете среќни, престанете да се плашите да го покажете вашето вистинско јас и престанете да мислите што другите мислат за вас.

11. Во врските, понекогаш е најдобро да се согласите дека не се согласувате – 
Бирајте ги вашите битки. Понекогаш мирот е подобар отколку тоа да бидете во право.
12. Во ред е да си дадете простор за полесно да дишете – Понекогаш кратката пауза е најдобриот чекор. Понекогаш потребна ви е пауза за да можете да се движите напред.

13. Постојат толку многу работи од кои можете да се откажите, а да не изгубите ништо
 – Ова се нарекува растење и созревање. Откажувањето од старото, прави пат и место за новото.
14. Борбата не се наоѓа на патот, туку таа е патот до моќта – Во животот ќе се соочите со огромни грешки и изненадувања кои ќе ви го скршат срцето. Учете од нив, приспособете се и пораснете.
15. Не е срамота повторно да почнете и да ги промените работите – Кога работите не се совпаѓаат во вашиот живот, време е да се откажете од некои работи – навиките, рутините и условите кои ве држат.