Како да откриете за што имате пасија?

Пасијата за нешто што го работиме во секојдневниот живот е многу важен елемент кој донесува квалитет во нашиот личен и професионален живот како претприемач.

Многу луѓе имаат пасија за нешто, но не знаат за што всушност тие имаат вистинска пасија. Дури и не знаат дека нивната вистинска пасија може да се трансформира во успешен бизнис.
Најдоброто решение за претприемачите е нивната бизнис идеја да биде подржана од нивната вистинска пасија како надополнување на проблемот и знаењето. Тие ќе имаат пасија за нивниот стартап бизнис, ќе имаат пасија за нивната секојдневна работа во нивниот бизнис и пасија за нивниот иден успех во бизнисот. Сето ова само ќе ја зголеми веројатноста за претприемничка и бизнис успешност на еден потенцијален претприемач.

Затоа сакам да ги презентирам моите размислувања за откривање и искористување на пасијата во бизнис цели.
Што претставува пасија?
Во Wikipedia за пасија можеме да го најдеме следново:
Пасија може да се претстави како чувство на невообичаено возбудување, ентузијазам или релевантни емоции кон некој предмет, идеја, личност или пак објект. Се вели дека личноста има пасија за нешто доколку има силен позитивен афинитет кон тоа нешто. Љубов кон нешто и пасија кон нешто се многу слични чувства.
Еве ги најважните зборови од оваа дефиниција:
• Пасија е лично чувство. Какви се твоите лични чувства за твојот сегашен или пак потенцијален бизнис како еден претприемач? Дали се возбудувачки тие чувства?
• Пасија е еден вид на емоција. Какви се твоите емоции за твојот сегашен или пак потенцијален бизнис како еден претприемач? Дали се ентузијастички?
• Пасија е силен позитивен афинитет за она што го работиш. Дали имаш позитивен афинитет во однос на она што го работиш.
Вие ќе имате пасија за нешто доколку сте возбудени, имате ентузијастички емоции и позитивен афинитет за тоа нешто.
Што ќе претставува пасија за еден претприемач?
Доколку сте возбудени и имате ентузијастички емоции и позитивен афинитет за вашето започнување на бизнисот, најверојатно е дека ќе имате добра пасија за претприемничката кариера која сте ја избрале.
Десет прашања за да откриете за што имате пасија?

1. Кое е вашето хоби?
Хоби е резултат на Вашата пасија. Доколку Вашето хоби е градинарство, најверојатно Вие имате пасија за градинарство. Доколку Вашето хоби е играње фудбал, веројатно имате пасија за фудбалот. Затоа започни со твоето хоби кое ќе ти каже за што имаш пасија.

2. Што навистина сакате да правите?
Нешто што го правите секојдневно и го правите тоа со љубов, тогаш Вие имате пасија за тоа нешто. Излистај ги работите кои сакаш да ги правиш за да најдеш за што имаш пасија.
3. Кои се работите во кои што уживате?
Да сакате нешто да работите е една работа, додека да уживате притоа е друга работа. Понекогаш можеби ќе сакате нешто, но реално нема да уживате во тоа нешто. Излистај ги сите работи во кои што ужуваш за да откриеш за што имаш пасија.
4. Што е она за што другите луѓе кажуваат дека вие сте добар?
Понекогаш другите луѓе ќе бидат пореалистични за вас, и за она во што навистина сте добар. Ова ќе можеш да го искористиш во наоѓање на Вашата вистинска пасија.
5. Кои се наједноставните задачи за Вас?
Кога нешто е едноставно за вас, тоа значи дека имате знаење за тоа нешто. Дел од Вашето знаење е базирано на истражување на нешто за што имате пасија.
6. Што е она што особено повеќе сакате да истражувате или пак проучувате?
Истражувањето и проучувањето може да го зголеми вашето знаење за нешто. Доколку навистина сакате да проучувате и истражувате нешто, тогаш тоа нешто може да биде твојата пасија.
7. Кои се темите за кои можете да зборувате со часови или пак денови без престанување?
Темите за кои можете да зборувате со часови и денови исто така се базирани на Вашето знаење за таа тема. Доколку навистина имате познавање за нешто, тогаш тоа може да биде резултат од Вашата пасија за таа тема.
8. За што имате природен талент?
Вашиот природен талент, како нешто вродено во Вас може да биде предмет на Вашата пасија, бидејќи вродениот талент е предмет на постојано подобрување низ животот на еден човек. Морате да имате пасија за нешто за што имате природен талент.

9. Кои предмети на факултет или пак во средно училиште сте ги сакале повеќе?
Сите ние имаме или пак сме имале некои предмети на факултет или пак средното училиште кои ни биле поинтересни и повозбудливи од другите. Овие предмети може да се предмет на Вашата пасија.
10. Каков тип на луѓе сакате да бидат Ваши пријатели?
Пријателството меѓу луѓето се гради врз база на исти интереси и ист јазик на кој говорат тие личности. Не можете да бидете добар пријател со некој со кој не можете да ги споделувате Вашите полиња на интерес на јазик кој Вие го зборувате. Затоа размислете за личности кои се ваши пријатели во однос на тоа која е нивната пасија и веројатно тука некаде ќе биде и Вашата.
Како Вашата пасија ќе Ви помогне да изградите подобар бизнис?
Доколку немате пасија за бизнисот кој планирате да го започнете или пак кој го имате, вашиот бизнис најверојатно ќе страда. Доколку вашиот бизнис страда, најверојатно, Вие како претприемач ќе бидете следен кој ќе страда.
Уште пред започнување на Вашиот бизнис, ќе морате бизнис идејата да ја прилагодите на Вашата пасија. Тогаш:
• Ќе имате бизнис кој ќе сакате да го развивате.
• Ќе имате бизнис кој Вие како претприемач ќе знаете да го менаџирате и подобрувате.
• Ќе имате бизнис кој ќе има голем потенцијал за успех.