Заштитете се од негативната енергија околу вас. Прочитајте како!!!

Негативната енергија може да ве исцрпи, да ви ја одземе мотивацијата, да ве депримира или да ве направи нервозни… Без разлика дали таа доаѓа од колега, партнер, пријател, член од фамилијата, треба да знаете како да не дозволите негативноста да ви влијае.

Image result for focus on solving the problemФокусирајте се на решенијата, не на проблемите

Негативните луѓе повеќе време поминуваат фокусирајќи се на проблемите отколку на решенијата, а сето тоа е проследено со премногу жалби, барање вина и незадоволството.
За да останете позитивни фокусирајте се на решенија што функционираат. Ако наидете на отпор употребете ги вашите силни страни за да се одбраните од лошите мисли и зборови.

Одредете граница

Понекогаш животот може да ви стане подобар доколку исклучите одредени луѓе од истиот – оние што ве прават тажни, нервозни, оние што секој позитивен став и мислење умеат да го извртат во негативна насока.
Создадете одбранбен механизам, еден вид на граница што нема да дозволи негативната енергија да ве “скрши” , па дури и ако станува збор за блиски луѓе.

Image result for focus on solving the problemГрижете се за себе

Ако не се грижите за себе, нема да може да се грижите за другите. Не е себично ниту суетно да се сакате себе си, да се грижите за вашата добросостојба и вашата среќа да ви биде приоритет.
Ако практикувате грижа за себе и научите како да го правите тоа, ќе останете приземни и силни што најмногу ќе ви биде од полза во моментите кога се соочувате со негативна енергија.

Одговорете, но без реакција

Одговорот произлегува од јасен ум и емоционална сила и се одбира за да создаде посакуван резултат.
Од друга страна пак, реакцијата е неконтролиран рефлекс што доаѓа од импулси предизвикани од страв, односно од инстинктот да се преживее. Воздржете се од непромислени реакции и научете да одговарате смислено особено кога ќе наидете на негативна енергија.